Колото број седум не донесе некои сериозни измени на листите за индивидуалните статистички постигнувања. Со исклучок во онаа главна категорија поентерската на која одличниот Тајт Корбет со 36. реализирани поени на гостувањето во Гостивар, му се приближи на својот соиграч од Чаир 203о, Диванте Мофит.
Мофит води со 23.57 поени реализирани на седум натпревари, додека Корбет сега е на 22.4, а пред стандардно добриот Џозеф Рис (Феникс 2010) кој има 22.1 поен во просек.
Корбет останува и лидер на скокачите, сега со просек од 12.8 скока, со кои ја зголеми предноста во однос на Џозеф Рис (Феникс 2010) со 10.8 и Ајрен Брукс (Н.Академија ФМП) со девет.
Голема битка, извесно, ќе биде и на листата на најдобри асистенти во Првата лига.
Засега, број 1 е Бобан Стајиќ од Работнички, кој го држи високиот просек, по овие седум круга има просечни 6.8 додавања по меч, а во чекор е следен од својот репрезентативен колега од редовите на Пелистер, Андреј Магдевски, кој има 5.8 асистенции, додека трет е уште еден „пелистерец“, Александар Костоски, кој има пет успешни додавања по натпревар.
Промена има и на листата на играчи со најголем број на одиграни минути во досегашниот дел. Најголем број на минути досега добил Лука Петровски од Навико Академија ФМП, кој во просек игра по 34:15 минути, пред Андреј Митревски (Феникс 2010) со 34:08, и Кристофер Остен (Гостивар), со 33:31 минути.
Во оној процентуален дел, Душан Хукиќ го намали својот просек во точната реализација на слободните фрлања, има 88.8% на успешност, пред Малком Бернард (Пелистер) со 88% и уште еден играч од Кожув, Колин Слејтер кој има 86.6%.
Кристофер Остен од Гостивар има најдобра реализација во обидите вредни по два поени (73.1%), пред Роберт Рикиќ (Работнички), кој се проби на второто место со 68.5%, додека трет е Тајр Корбет (Чаир 2030) со 68.2%.
Димитар Караџовски (Кожув) ја чува првата позиција кај тројкашите, искусниот бек има високи 61.9% во обидите зад линијата од 6.75 метри, пред Лука Стојановски (Пелистер) со точно 50%.
Генерално, Андреј Маслинко останува играчот со најдобра реализација во обидите од поле. Крилото на Пелистер погодува со 61.1%, Тајр Корбет (Чаир 2030) е со 60.5%, додека Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) е на 58.5% на успешност.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Деванте Мофит (Чаир 2030) 7 165 23.5
2.Тајр Корбет (Чаир 2030) 7 157 22.4
3.Џозеф Рис (Феникс 2010)7 155 22.1
4.Лука Петровски (Н. Академија ФМП) 7 133 19.0
5.Омотао Огундиран (Н.Академија ФМП) 4 75 18.7
СКОКОВИ
1.Тајр Корбет (Чаир 2030) 7 90 12.8
2.Џозеф Рис (Феникс 2010) 7 76 10.8
3.Ајрен Брукс (Н.Академија ФМП) 4 36 9.0
4.Роберт Рикиќ (Работнички) 7 62 8.8
5.Џаред Кимброу (Охрид) 4 35 8.7
АСИСТЕНЦИИ
1.Бобан Стајиќ (Работнички) 7 48 6.8
2.Андреј Магдевски (Пелистер) 5 29 5.8
3.Александар Костоски (Пелистер) 7 35 5.0
4.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 7 34 4.8
5.Дениел Вензант (Гостивар) 7 34 4.8
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Омотао Огундиран (Н.Академија ФМП) 4 19 4.7
2.Малком Бернард (Пелистер) 6 20 3.3
3.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 7 23 3.2
4.Алан Луис (ТФТ Моцарт) 7 22 3.1
5.Бернард Брајант (Охрид) 7 22 3.1
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Брајант Бернард (Охрид) 7 18 2.5
2.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) 7 17 2.4
3.Недим Мустафица (Чаир 2030) 6 13 2.1
4.Андреј Магдевски (Пелистер) 5 10 2.0
5.Колин Слејтер (Кожув) 6 12 2.0
БЛОКАДИ
1.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 7 11 1.5
2.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 7 11 1.5
3.Душан Хукиќ (Кожув) 6 9 1.5
4.Тајр Корбет (Чаир 2030) 7 9 1.2
5.Марко Лукановски (Вардар) 7 7 1.0
МИНУТИ
1.Лука Петровски (Н. Академија ФМП) 7 239:45 34:15
2.Андреј Митревски (Феникс 2010) 4 136:35 34:08
3.Кристофер Остен (Гостивар) 7 234:38 33:31
4.Андреја Атанасов (Вардар) 7 234:08 33:26
5.Џозеф Форте (Феникс 2010) 7 232:46 33:15
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Душан Хукиќ (Кожув) 6 88.8%
3.Колин Слејтер (Кожув) 6 86.6%
2.Малком Бернард (Пелистер) 6 88.0%
4.Андреј Митревски (Феникс 2010) 4 85.0%
5.Блажо Митков (Вардар) 7 84.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Кристофер Остен (Гостивар) 7 73.8%
2.Роберт Рикиќ (Работнички) 7 68.5%
3.Тајр Корбет (Чаир 2030) 7 68.2%
4.Андреј Маслинко (Пелистер) 7 67.8%
5.Милош Врањеш (Еуро Никел 2005) 7 64.2%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Димитар Караџовски (Кожув) 7 61.9%
2.Лука Стојановски (Пелистер) 7 50.0%
2.Блажо Митков (Вардар) 7 47.8%
4.Филип Бакоч (Работнички) 7 47.6%
5.Даниел Нацевски (Чаир 2030) 7 45.8%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Андреј Маслинко (Пелистер) 7 61.1%
2.Тајр Корбет (Чаир 2030) 7 60.5%
3.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 7 58.5%
4.Џаред Кимброу (Охрид) 4 57.8%
5.Џозеф Рис (Феникс 2010) 7 57.5%