Првите четири комплетирани кола се и добра прилика да се направи и првиот статистички преглед во оној тимски сегмент.
Да се провери моменталната форма на сите 12.екипи пред одигрувањето на петтиот круг по кој следува пауза поради репрезентативните обврски во ноемврскиот ФИБА „прозорец“.
Помалку изненадувачки се бројките кои ги има една од двете нови екипи во Првата лига – Струмица 2022.
Во овој момент, струмичани имаат највисок просек на реализирани поени. Даваа(т) по 92.25 поени, што е нешто повисок скор во однос на Пелистер 91.0 екипа која поентерски доминираше и во изминатата сезона, додека Гостивар е на просек од 87.поени по меч.
Екипата од Струмица има и најдобра реализација во обидите за три поени. Погодуваат со 38.8% на успешност, пред Феникс 2010 со 35.6% и ТФТ со 34.7%.
Имаат втор најдобар резултат во обидите за еден поен 79.7%, зад водечкиот состав на Феникс 2010 кој е на 80.2%, а пред Гостивар со 78.2%, и трет во обидите вредни по два поени. Имаат 61.07% на успешност во таа категорија каде водечка екипа е онаа од Битола. „Пелистерци“ имаат 65.3%, зад нив е гевгелиски Кожув, чии играчи погодуваат со 61.9%.
„Зелено-белите“ пак се први на листата на екипи кои најмногу додаваат, и кои освојуваат најмногу топки.
Во просек, играчите на Пелистер прават по 22. успешни додавања по натпревар, нивните колеги од Еуро Никел 2005 имаат по 18, а оние од Феникс 2010 по 17.7.
Битолчани освојуваат и по 11.2 топки на еден натпревар, МЗТ Скопје Аеродром имаат по 9.75, а оние на Струмица 2002 се на 9.5.
Најмногу загубени топки, по 19.5, има екипата без победа – Работнички, нешто помалку на своето статистичко конто има Гостивар – 18.7, односно Навико Академија ФМП – 18.2.
Екипа која најмногу блокирала досега во првенството е МЗТ Скопје Аеродром, со просек од 4.25 блокади на една средба, зад нив е Гостивар со 2.75, и Чаир 2030 чии играчи блокираат по 2.5 пати на еден меч во првите четири круга од првенството.
КУМУЛАТИВНА СТАТИСТИКА ПО 4. ОДИГРАНИ КОЛА ВО ПРВАТА ЛИГА
ТОП 3
ПОЕНИ
1.Струмица 2022 92.2
2.Пелистер 91.0
3.Гостивар 87.0
СКОКОВИ
1.МЗТ Скопје Аеродром 42.5
2.Феникс 2010 40.0
2. Гостивар 40.0
АСИСТЕНЦИИ
1.Пелистер 22.0
2.Еуро Никел 2005 18.0
3.Феникс 2010 17.7
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Пелистер 11.2
2.МЗТ Скопје Аеродром 9.7
3.Струмица 2022 9.5
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Работнички 19.5
2.Гостивар 18.7
3.Навико Академија ФМП 18.2
БЛОКАДИ
1.МЗТ Скопје Аеродром 4.2
2.Гостивар 2.7
3.Чаир 2030 2.5
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Струмица 2022 38.8%
2.Феникс 2010 35.6%
3.ТФТ 34.7%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Пелистер 65.3%
2.Кожув 61.9%
3.Струмица 2022 61.0%
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Феникс 2010 80.2%
2.Струмица 2022 79.7%
3.Гостивар 78.2%