05.06.2022

Во Битола се играше продолжение од пет минути, а во него „пелистерци“ за малку подобри од МЗТ Скопје (82:79) за егал во финалето (1-1)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ ФИНАЛЕ: Пелистер го возврати ударот, го победи бранителот на титулата

Возбудлив втор меч од финалетоодуграа Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром во Битола. 

ПЕЛИСТЕР   - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ        82:79 (1-1)

Малку поинаку се одвиваа работите на вториот натпревар од финалната серија од Плеј-офот.

Домашната екипа, бодрена од добро пополнетото гледалиште во салата „Боро Чурлевски“ се стекна се почетна предност, која на истекот од првата четвртина изнесуваше солидни (20:15).

На средината од втората, „пелистерци“ имаа уште повисоки (31:23), по што следуваше серија од шест поени на „металците“ за негатива од четири поени (29:33) на нецели три минути пред крјаот на првото полувреме.

„Зелено-белите“ направија уште едне притоск, кој резултираше со враќање на водството (39:31).

Во продолжението, се очекуваше ново „враќање“ на брабтлеот на трофејот. И успеаја во тоа „сино-белите“ во третиот дел од играта во кој ја надополнија таа не баш ниска негатива.

Имаа егал резултат по 30.минути -  (51:51)…

Битолчани подобро стартуваа во четвртината на одлука. Дадоа шест поени во серија, за сосема солидни (57:51) во само нешто повеќе од една минута го натераа Александар Петровиќ да повика тајм-аут.

Нерешено (65:65),  беше и по тројката која ја реализираше Војдан Стојановски на две минути пред крајот

Но со иста мерка врати, Стајиќ, за нова предност (68:65) за предизвикувачот во ова финале. По грешката на Ајви, казни Кесар кој донесе уште повисоки (70:65). Ама Војдан Стојановски уште еднаш погоди за три поени, за нова неизвесност (68:70).

Истиот играч имаше глема шанса да му донесе победа на МЗТ Скопје Аеродром. Но бекот на „сино-белите“ не погоди на две секунди пред истекот на регуларниот дел.

Во Битола мораше да се играат екстра пет минути...

Во продолжението порасна и нервозата, двете екипи се сменуваа во водството, но уште еднаш, на 22. секунди пред сирената, Дејвис донесе нерешени (79:79).

Во нив, во херој на Пелистер израсна Малешевиќ, кој погоди три слободни фрлања, доенсе (82:79), и најмалку уште едно гостување на актуелниот шампион во „градот на конзулите“.

Третиот натпревар од финалната серија ќе се игра на 7. јуни (вторник), од 18.30 часот, во Скопје, каде домаќин ќе биде МЗТ Скопје Аеродром.