29.05.2022

Стајиќ не погоди за победа на Пелистер, кавадарчани слават голем триумф со минимални (90:89) за нерешени (1-1) во полуфиналето

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Еуро Никел 2005 се избори за „мајсторка“

Екипата на Еуро Никел стигна до минимален, но важен триумф, со кој израмни на (1-1) во полуфиналната серија од плеј-офот против екипата на Пелистер. Во драматиќна завршница, битолчани имаа шут за победа, но победата остана во Квадарци, по што ќе се игра и трет натпревар во полуфиналето 

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР           90:89 (1-1)

Потполно изедначено прво полувеме во кавадаречки „Јасмин“. Двата големи ривали не дозволија ние еден од нив да направи осетна разлика.

Во таков стил поминаа тие 20. минути од вториот меч од полуфиналето на плеј-офот во кој Еуро Никел 2005 бараше реванш, а Пелистер место во финалето со „двочекор“, по стартната победа пред два дена на свој терен во Битола.  

Во ефикасното полувреме, Калахан се издвои со 14.реализации, Караколев даде девет, а Томиќ осум поени за домашната екипа.

На другата страна Малешевиќ имаше ист ефект – 14. поени, додека двоцифрен стана и Стајиќ, еден повеќе од Кесар, а два од Младеновски.

Она што е најважно, резултатот, Еуро Никел 2005 имаше „поен плус“ (53:42) на големиот одмор.

Немаше големи промени ниту во третиот период од играта. Како двете екипи да се чуваа за онаа последната, која и во вистинска смисла на зборот се покажа како одлучувачка.

И добитничка, за екипата на Еуро Никел 2005. Одиграа кавадарчани како што треба во првата половина од последниот период. Парцијално, направија (18-9) со кои конечно се одвоија од противникот. Поведоа со најубедливи, (85:72).

Но крајот беше далеку...

Останаа повеќе од пет минути за конечно решение – победник на вториот полуфинален натпревар од серијата.

Со серија од (11-2), за неполни две минути, Пелистер се врати, на достижни (83:87). По поените на Малешевиќ, на 2:10 минути пред крајот растојанието беше исто, (89:85) за Еуро Никел 2005. Но со четири поени по ред Керас го одведе мечот во „Јасмин“ во драматичен. На 42. секунди пред крајот, „пелистерци“ имаа само „половина кош“ заостанување (89:90).

Стојановски не погоди за три поени, и им даде шанса на гостите да победат. Но на две секунди пред звукот на сирената, Стајиќ не погоди за финале.

Па веќе во вторник, во Битола, ќе се игра „мајсторка“, која ќе го даде финалистот во плеј-офот.

Нешто подоцна, од 20.30 часот, во СРЦ „Кале“, ТФТ го пречекува МЗТ Скопје Аеродром во вториот меч од втората полуфинална серија која треба да ги даде двата финалисти.