МЗТ Скопје ја продолжи серијата на победи и на почетокот на Плеј-офот. Со одлична трета четвртина, „аеродромци“ го скршија отпорот на освојувачот на Купот, екипата на ТФТ...
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 77:52 (1-0)
По серијата од шест поени, плус од девет поени и (27:18) имаше бранителот на титулата по нешто повеќе од две минути игра во втората четвртина.
Но ТФТ немаше намера да се откаже така лесно, напротив... Вратија гостите од Тафталиџе со своја серија. Од минус 10 (20:30), намалија на три поени негатива (29:32), а веќе во следниот напад, во 19.минута, со десеттиот поен на Морган, беа уште поблиску до противникот, (31:33).
Ја прекина серијата на гостите, Милошевиќ, со тројка, за (37:31), за крја на полувремето во СЦ „Јане Сандански“.
Дури десет кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром го најдоа патот до кошот на противникот во тие 20.минути, додека на другата страна, се издвои токму Морган, кој, интересно, беше и единствениот со двоен број на поени на двете страни од игралиштето.
Рационалната игра на Милошевиќ му донесе на бранителот и највисоки (54:40) во финишот од третата четвртина. Не запреа момците во „бело-сина“ комбинација, продолжија да го кршат отпорот на нивниот голем должник во оваа сезона. Имаа уште повисоки (57:40), по кои немаше вреќе враќање за екипата која им го одзема пехарот наменет за најдобрата во Купот на Македонија.
Милошевиќ се „претвори“ во прв стрелец на мечот, макар и со 13.поени, еден помалку дојде од Дејвис, а по десет, во домашната екипа, имаа браќата Стојановски.
Кај „црно-белите“ кои беа под нивниот „стандард“ во оваа сезона, Хортон дојде до „баксузни“ 13, Морган остана на десетте поени од првото полувреме. Недостасуваа поените од другите, пред се од Костоски, но и од Бишоп, па и Смит, кој е повеќе дефанзивец, но знае да биде и двоцифрен според бројот на поените.
Така не се победува МЗТ Скопје, барем не во Аеродром... За две вечери следува реваншот, во СРЦ „Кале“, каде бранителот на шампионскиот пехар оди со почетни (1-0) во полуфиналето.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ 1. НАТПРЕВАР
Пелистер – Еуро Никел 2005 94:83 (1-0)
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 77:52 (1-0)