29.05.2022

И по втор пат во полуфиналето, беа подобри од ТФТ сега и на гостински терен, во „Кале“ (92:82), за експресни (2-0) во серијата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани титулата! (ФОТО)

МЗТ Скопје Аеродром ќе има прилика да ја брани шампионската титула, која со години е во нивна сопственост. Популарните „металци“ беа подобри од ТФТ и во вториот натпревар, и со максимални (2-0) ја затворија полуфиналната серија од доигрувањето за титулата.

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ           82:92 (0-2)

По девет минути игра, ТФТ дојде до првото посериозно водство. По тројката на Морган (негов 11.поен), домаќините поведоа со (27:21) и го натераа тренерот на гостинската екипа Александар Петровиќ да ја потроши првата минута за советување.

Без промени во резултатот и по истекот на последната минута од првата четвртина.

Но имаше во првите две минути од втората. „Бело-црните“ дојдоа и до двоцифрена предност (36:26). За кратко, затоа што бранителот на титулата во три акции „симна“ на (32:36), за тајм-аут на домашната страна, минута 13.

Не помогна минутата за одмор на Боро Смилковски. Екипата од Аеродром влезе во серија, која по четири минути игра, ги донесе и на егал (36:36).

Ајви беше првиот играч во тимот од Аеродром кој стигна до двоцифрен број на поени. По тројката, (негов 10.поен), гостите водеа, макар и минимално, со (39:38).

Уште една тројка, која дојде од Милошевиќ, на актуелниот шампион му донесе нешто повисоки (47:44) пред влезот во последните две минути од првото полувреме. „Сино-белите“ дојдоа и до плус 6, (51:45), но Николов постави (47:52) по 20.минути, доста добра, и ефикасна игра на двете страни од теренот.

Кога веќе дојдоа до водството, кошакарите во „сино-бела“ комбинација немаа намера да го предадат на противникот. Заиграа уште посигурно во нападот, стигнаа и до двоцифрено водство (60:50), а нешто подоцна и (68:58), кога се играше 27.минута.  До истекот на третиот дел „металците“ беа уште поблиску до финалето, поведоа со (76:62).

Но празните минути во нападот на ТФТ, макар и за момент, ги прекина Костоски, со тројка, за (65:76). Во ист стил, со две нови тројки, продолжија кошаркарите на ТФТ. Ташовски и Морган го донесоа домаќинот на минус од само пет поени (71:76). Но екипата која е доста поискусна во вакви нокаут-натпревари, знаеше да одговори, и тоа спои шест поени по ред, за ново „одалечување“, сега на (82:71) на нешто повеќе од шест минути до крајот.

Недостижни за ТФТ, и крај на убавата приказна, заокружена со освојување на Купот на Македонија.

МЗТ Скопје Аеродром ќе го напаѓа далеку повредниот-шампионскиот.

Кај МЗТ Скопје Аеродром, двоцифрената бариера, освен Ајви, ја „пробија“ и браќата Стојановски (комбинирано 30.поени), и Милошевиќ, стрелец на 17.поени.

Слична беше распределбата на поените и кај поразените. Морган даде 19. Хортон 17, а Николов уште 15.поени.

Нешто порано, кошаркарите на Еуро Никел 2005 славеа со минимални (90:89) против Пелистер, и се изборија за трет натпревар во втората полуфинална серија од плеј-офот.