31.05.2022

Во одлучувачкиот меч од полуфиналето, битолчани беа подобри од Еуро Никел 2005 со резултат (91:83)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Пелистер ќе го предизвика МЗТ Скопје Аеродром во борбата за шампионската титула

Екипата на Пелистер е вториот финалист во Плеј-офот од Првата лига – мажи.

Во третиот, и одлучувачки натпревар од полуфиналната серија, „зелено-белите“ по втор пат, на свој терен, беа подобри од составот од Кавадарци. Доволно да преминат во големото финале, каде ги чека серија против актуелниот шампион, и бранител на трофејот, - МЗТ Скопје Аеродром, кој во само два натпревари го елиминира скопски ТФТ.

ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НѝИКЕЛ 2005              91:83 (2-1)

Двата полуфиналисти имаа свои минути во решавачкиот дуел одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Домаќините го добија првиот период, со (26:20), со иса та мерка вратија кавадарчани во треитот. Во онаа четвртина „помеѓу“ Еуро Никел 2005 беш за два поени подобар рива. Па последниот период од играта двете екипи го дочекаа со резултат (64:62) во корист на гостинската екипа.

Во последната четвртина кавадарчани одигра доста порационално, се виде тоа и на резултатот. На пет минути пред крајот, одново стигнаа на само два поени негатива (75:77).

Клучниот момент се случи на 1:12 минута пред крајот, кога на истекот на нападот, Младеновиќ погоди за три поени, и му донесе високи шест поени предност на Пелистер, (86:80). Победата, и местот во првото историско финале а Пелистер, со забивање ја потврди Кесар, кој постави недостижни (89:80).

Со 25. реализации Кеаар беше и првото поентерско име кај Пелистер, каде Малешевиќ додаде 17. Стајиќ 14, а Крстајиќ уште 10.поени.

Кај составот од Кавадарци, Калахан постигна 22. поени (5/9 за три) Самарџиски имаше 17.поени и 6.скока, а Димчевски уште 11. поени.  

Претходно, екипата на МЗТ Скопје Аеродром стана прв финалист во Плеј-оф конкуренцијата. откако со максимални (2-0) ја затвори полуфиналната серија против екипата на ТФТ од Скопје.

Првиот меч од финалето на Плеј-офот, ќе се игра на 3.јуни (петок), на теренот на подобро пласираната екипа во регуларниот дел од сезоната – МЗТ Скопје Аеродром.

А новиот шампион ќе биде екипата која прва ќе стигне до три победи во серијата „подобар во пет натпревари“.