Полуфиналето во плеј-офот од Првата лига-стаетуваше со побед ана Пелистер против Еуро Никел 2005, и тоа полесно од што беа очекувањата на битолчани пред стартот на доигрувањето.
Уште во првото полувреме, „пелистерци“ се стекнаа со плус од 25.поени, кој успеаја да го задржат и да поведат со (1-0) во серијата „подобар од три“.
ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 2005 94:83 (1-0)
Одлична прва четвртина реализираа домашните кошаркари. Уште во раната фаза од овој прв полуфинален дуел, остварија резултатска предност. По тројката на расположениот Малешевиќ, „бело-зелените“ поведоа со (19:12), поѕтоа имаа и (23:16), за првиот период го решат во своја корист со двоцифрена предност од (28:16).
Десет минути во кои Малешевиќ и Кесар искомбинираа 21, од тие 28 поени за домашнито тим.
А по три минути игра во втората четвртина веќе беше (35:16) за Пелистер. Од минута во минута домашната екипа ја зголемуваше позитивата која стана и двојно поголема. Пелистер имаше и плус од 25 поени (45:20) во средината на втората четвртина, за истата разлика да биде и на полувремето (52:27).
Добар дел од нив, поточно 20 поени, беа дело на Малешевиќ, додека Кесар застана на бројката од 13. реализации во 20.минути од играта.
Тој плус од 25 поени ја одреди играта во продолжението на натпреварот во салата „Боро Чурлевски“. Домаќините ја „стандардизираа“ таа разлика во третиот дел од играта. Успешно ја оддржуваа и чекореа кон првиот триумф од оваа серија коај треба да даде еден од финалистите.
Промена беше што Кесар го стигна Малешевиќ според бројот на реализации, имаа по 20. На истекот на тој период кој битолчани го завршија со вишок од „само“ 15.поени, (74:59), откако Еуро Нукел 2005 конечно почна да погодува (реализираа дури 30.поени во тие десет минути).
Кавадарчани беа доста подобри и во последната четвртина во која симнаа уште еден добар дел од големата негатива. На нецели четири минути пред крајот беа во едноцифрено заостанување од девет поени (76:85). Но Младеновиќ, со тројка, стави крај на празните минути на Пелистер, за (88:76). Еуро Никел 2005 повторно се закани, намали на (82:90), но гостите останаа без време за пресврт.
Веќе во недела, но во кавадаречки „Јасмин“, ќе се игра вториот меч од оваа серија во која битолчани се стекнаа со почетна предност.