03.02.2022

И стигнаа до важен триумф (80:74) за фаќање на приклучок кон горниот дел од табелата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 13. КОЛО: Кавадарчани ги казнија сите грешки на ТФТ, ги имаше многу

Кошаркарите на Еуро Никел 2005  стигнаа до многу важна победа на домашен терен, во „Јасмин“ беа подобри од скопски ТФТ. Имаа многу помирна реализација избраницитена тренерот Горан Самарџиев, во финалните минути од играта, за седми триумф во сезоната.

Еуро Никел 2005 – ТФТ   80:74

Гостите од Скопје беа подобар ривал во првото полувреме, кое впрочем и го решија во своја корист со резултат (37:33).

Но таа разлика, дефинитивно беше достижна за составот од Кавадарци, кој на почетокот на вториот дел од играта, и го потврди тоа. Иако не блескаа, кавадарчани успеаја да го свртат резултатот во своја корист. И по три одиграни четвртини да имаат минимално водство (54:53).

Само како најава за возбудлива последна четвртина, во која беше и решен победникот на овој можеби според бројот на дадени поени „сиромашен“ меч, но во кој не недостасуваше, пред се, неизвесност.

И на минута и пол пред крајот, предноста на Еуро Никел 2005 беше идентична, (69:68). Следуваа две несфатливи греки на гостинската екипа. Прво Смит „остана на обрачот“, а во следниот напад, Николовски освои една „ничија топка“ под кошот на ТФТ, за да постави (72:68), на влезот во последната минута. Продолжија лошите моменто на ТФТ со две нереализирани слободни фрлања на Костоски. А како „капак на се“ стигна тројката за побед ана Ѓекиќ, за недостижни (75.68).

Во седмата победа (од 14 одиграни мечеви), со 18 поени, Томиќ беше прв стрелец кај Еуро Никел 2005. Во финишот одлични минути имаше Ѓекиќ, кој застана на бројката од 17. реализации додека пак 14 дојдоа од Калахан.

Кај ТФТ, Ташовски и Хортон дадоа по 14, поени, Костоски 13, а Бишоп уште десет поени, недоволно да се „побегне“ од седмиот пораа, по што сега се израмнети (7-7) во првенствениот скор со Еуро Никел 2005.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО

Кожув – Пелистер 67:79

Куманово – МЗТ Скопје Аеродром   65:70

6. ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА):

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – ТФТ

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

8. ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК):

18.00: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

15.ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК):

19.00: Работнички – Гостивар

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

24. ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Ангели – Феникс 2010

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР – 13. КОЛО

Еуро Никел 2005 – ТФТ   80:74