Мечот во Кисела Вода немаше никакво резултатско значење бидејќи двете екипи одамна го обезбедија опстанокот, а во такви услови подобро се снајде Работнички.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – РАБОТНИЧКИ 68:76
Во првата четвртина домаќинот ја имаше највисоката предност, од осум разлика (17:9), но благодарение на серијата од (15-0), Работнички не само што ја достигна негативата, туку и поведе со (29:20), исто така, тоа беше највисока предност на „црвено-белите“.
Оттогаш до крајот на мечот, контролата над резултатот ја имаше Работнички, но во ниеден момент составот на Игор Михајловски немаше сигурно водство. Навико Академија ФМП постојано беше зад петици, се до последната минута кога гостите повторно направија недостижни (75:66).
Стефан Балмазовиќ со 22 поени и 14 скока беше најдобар играч на Работнички, Какруки даде 20, а Марковски 13. поени, додерка во тимот од Кисела Вода, кој влезе во Плеј-аутот без никакви грижи за опстанокот, Кошанин и Бакоч постигнаа по 17. поени, а Тодоровски и Ѓоргиев уште по 10.
Сезоната ќе остане запаметена дека Работнички не игра (ше) за титулата и ја завршува со ефект (14-18), додека пак Навико Академија ФМП остана прв во Плеј-аут сегментот со скор (17-15).