Во последниот натпревар од 2. коло од Суперлигата, актуелниот бранител на титулата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, со подобра игра во најголем дел од натпреварот, славеше сигурен триумф над екипата од Кавадарци.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЕУРО НИКЕЛ 2005 79:63
Домашната екипа ја доби првата четвртина. Десет минути во кои на гостите од Кавадарци им дозволи да реализираат само девет поени. Дадоа 17, за сосема солидна предност од (17:9).
Но малку поинаку се одвиваа настаните во вториот период од играта. Оној во кој Еуро Никел 2005 успеа да се врати, и до полувремето да симне добар дел од негативата.
Стигнаа кавадарчани до прифатливи (33:36).
Но по големиот одмор, работите се одвиваа нешто налик на првиот период, оној во кој бранителот на титулата одново успеа да се одвои, сега и на (54:46). На почетокот на последната четвртина МЗТ Скопје Аеродром ја надмина и двоцифрената разлика. Поведе со (61:50), како што стоеше резултатот на семафорот по 32.минути од играта.
Но гостите немаа намера да се повлечат без борба...
Две минути подоцна скоро и го преполовија тој негативен резултат, заостануваа само шест поени (57:63). За кратко, затоа што со четири поени по ред капитенот Дамјан Стојановски ја врати двоцифрената предност на страната на скопските „бело-сини“ (67:57).
Иако се обидуваа, гостите не се опоравија од тој последен удар на актуелниот шампион кој стигна и до својот 20. триумф во првенството, и е на два чекори зад лидерот по две суперлигашки кола.
Еуро Никел 2005 пак го запиша деветтиот пораз со кој ја контролира ситуацијата околу третото место на табелата.
СУПЕРЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005 79:63
Гостивар – Феникс 2010 66:69
Пелистер – ТФТ 83:64
ТАБЕЛА: Пелистер (22-2), МЗТ Скопје Аеродром (20-4), Еуро Никел 2005 (15-9), ТФТ (14-10), Феникс 2010 (13-11), Гостивар (13-11):