ТФТ го изненади МЗТ Скопје Аеродром, но обидот да победи во Битола, на „црн0-белите“„ не им успеа.
На лидерот на табелата му требаше една силна, во овој случај, трета четвртина да потврди дека во овој момент има поквалитетна екипа о скопската, а го презентираше тоа и без помош на некои важни играчи.
По победата над освојуваќот на Купот на Македонија, „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред бранителот на титулата
ПЕЛИСТЕР – ТФТ 83:64
Многу работи беа решени во третата четвртина. Десет минути во кои Пелистер го потврди својот квалитет на теренот. Направија„ зелено-белите“ решавачка предност. По изедначеното прво полувреме во кое имаа водство, но не високо, од три поени (44:41), во овој период од дербито направија (21-8), за големи, за убедливи (65:49).
Реализирани без помошта на три особено важни играчи како што несомнено за Пелистер се Малешевиќ, Хаутон, и новакот Крстајиќ.
Уште еднаш, Игор Кесар го водеше тимот кон нов успех. Во тие три дела од играта веќе имаше комплетирано 24. реализации одлично следен од Стајиќ, кои во целост ги користеа сите слабости, и тоа како видливи во играта на „црно-белите“ кои во Битола не личеа на екипа која пред некоја вечер го победи токму директниот конкурент на Пелистер во трката за првото место – МЗТ Скопје Аеродром.
СУПЕРЛИГА
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО
Пелистер – ТФТ 83:64
Гостивар – Феникс 2010 57:57
25.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005
Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/fPG2-gVCR-M
ТАБЕЛА: Пелистер (22-2), МЗТ Скопје Аеродром (19-4), Еуро Никел 2005 (15-8), ТФТ (14-10), Феникс 2010 (13-11), Гостивар (13-11),