Најтрофејниот клуб во Македонија стигна до уште една победа, макар и во Плеј-аут сегментот од Првата лига. Беа доста подобри и на свој терен стигнаа до сигурен триумф над гевгелиски Кожув.
РАБОТНИЧКИ– КОЖУВ 81:70
Скопските „црвено-бели“ имаа постојано водство против екипата од Гевгелија, Од самиот почеток тргаа агресивно во нападот. Иако во првата четвртина обезбедија само шест поеи вишок (22:16, се беше уште подобро за домаќините до истекот на првото полувреме. Направија уште поголема позитива до одморот (43:26), кога и беше најавен новиот успех, кој даде само една потврда повеќе во опстанокот во елитното натпреварување во кое имаат забележано и најмногу шампионски трофеи.
Деон Едвин се врати во тимот со 12.поени, 10. асистенции и 5. скока, но сепак, прв поентер во победничката екипа беше Стефан Балмазовиќ кој реализираше 26.поени, плус седум скока и една асистенција. Какруки дополни со 14.поени и 8.скока. а Златевски со 11.поени и 6.асистенции.
Кај Кожув, 22.поени имаше Деј, Главчев го следеше со 14, а Оконкво со 12.поени и 13. скока.
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
Работнички – Кожув 81:70
Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка 88:89
Куманово 2009 – Ангели 84:80
ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 14-10, Работнички 11-13, Куманово 2009 8-16, Кожув 8-16, Ангели 3-21, МЗТ Скопје Уни Банка 3-21;