28.04.2022

По израмнетото прво полувреме, кавадарчани многу подобри од ТФТ во продолжението, на крајот и за убедлива победа од (87:73)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – 3.КОЛО - СУПЕРЛИГА: Еуро Никел 2005 е се поблиску до „потврда“ на третото место

Еуро Никел 2005 го победи директниот конкурент во трката за третото место на табелата, екипата на ТФТ. По нерешените (42:42) на полувремето, се беше поинаку во второто полувреме во кое домашната екипа обезбеди двоцифрена разлика која ја одбрани и стигна до особено важна победа во третиот круг од Суперлигата.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ТФТ               87:73

Потполно изеднаено прво полувреме и во вистинска смисла на зборот, ниту во првата, ниту пак во втората четвртина, ни Еуро Никел 2005 ниту пак ТФТ остварија некоја осетна предност. По нерешените (25:25), во првите десет минути, сосемна рамноправни беа и оние наредните во ки двете екипи постигнаа по 17. поени, за нерешени (42:42) на полуврмееот. Така беше се до средината на третата четвртина во која прва „потегна“ домашната екипа. Направија шест поени предност (52:46) потоа имаа и поголеми, односно двоцифрени (67:55) во 29.минута од играта, за тој период на најдобра игра кавадарчани да го затворат со високо водство.

Во последната, ТФТ се „симна“ на минус од шест поени. На три минути пред крајот беше (66:72), но тоа беше се од гостите на гостувањето во „Јасмин“. 

Четворица домашни кошаркари завршија со десет или повеќе реализации. Одлично издание имаше Ѓекиќ кој реализира 22.поени, Соколов имаше 21, Томиќ 14, а Димчевски еден поен помалку, додека пак кај гостите од Скопје, се одвои трилингот Хортон (19), Бишоп (14) и Николов (11.поени).

По три кола од Суперлигата, Еуро Никел 2005 има скор (16-9) и е се поблиску да ја освои третата позиција на табелата, додека пак по оваа загуба ТФТ е на ефект (14-11) која им гарантира битка за местото број 4, последното кое води во плеј-офот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Пелистер – Гостивар    71:72

Еуро Никел 2005 – ТФТ 87:73

20.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром     

ТАБЕЛА: Пелистер 22-2, МЗТ Скопје Аеродром 20-4 (-1), Еуро Никел 2005 16-9, ТФТ 14-11, Феникс 13-11, (-1) Гостивар 13-11;