27.04.2022

Гостиварци направија тренерска смена, но најдоа енергија со која го победија Пелистер на гостински терен со минимални, но заслужени (72:71)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – 3.КОЛО - СУПЕРЛИГА: Голема победа на Гостивар среде Битола

Неверојатен натпревар одиграа екипите на Пелистер и на Гостивар.

ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР                71:72

Неверојатен, во смисол на големите пресврти кои се случија во текот на играта. Посебно тоа се однесува на втората и на третата четвртина од играта во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

На крајот и решавачките минути кои се претворија во драматични, и со хепиенд за гостите од Гостивар.

По водството кое го имаа „пелистерци“ во уводните десет минути (21:17), гостиварци испратија најава во вториот период од играта дека се подготвени да направат изненадување на теренот на екипата со најдобар скор во лигата. Одиграа одлични десет минути во кои направија неверојатни (23-4) за на голем одмор да заминат со повеќе од убедливи (40:25).

Но третиот дел од играта беше резервиран за „зелено-белите“ кои направија и играчки, но и резултатски „камбек“. Направија плус 15 (27-12), доволно за егал резултат (52:52).

А егал беше резултатот до самата завршница на мечот во Битола. По реализацијата на двете слободни фрлања на нивниот најефикасен и најдобар играч на средбата, Силаџи, на нецели две минути пред крајот, Гостивар поведе со (69:66). Сепак, ивната драгоцена предност ја „стопи“, со тројка, Малешевиќ за нов нерешен скор (69:69) и 01:34 минута до крајот. А веќе во следниот напад, две слободни фрлања за Пелистер погоди Кесар, за префрлање на водството (71:69).

Но кога вистиински требаше, тројка погоди Ефремовски за (72:71). Останаа 13 секунди во кои Малешевиќ, во два наврати, не го пронајде патот до кошот на противникот, па победата, број 14 ја зема Гостивар. Прва за в.д. вршителот на должноста прв тренер, Никола Димитриески.

Гостивар се враќа во трката за место во плеј-офот...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА - РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

Пелистер – Гостивар    71:72

28. АПРИЛ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Еуро Никел 2005 – ТФТ

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/JvUHlnv_g2Y

20.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/pnSc2UZcaJM

ТАБЕЛА: Пелистер 22-3, МЗТ Скопје Аеродром 20-4, Еуро Никел 2005 15-9, Гостивар 14-11, ТФТ 14-10, Феникс 13-11, ;