Кошаркарите на Ангели ја забележаа и втората, по ред победа во втората фаза од натпреварите наречена Плеј-аут лига.
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 72:64
Домашните кошаркари во целост ја искористија немотивираноста, и тоа како присутна во редовите на нашиот најтрофеен кошаркарки колектив. Тоа особено се однесува во оној средишен дел од мечот во салата „Независна Македонија“ во кој „бело-црните“ направија недостижна предност. По 30.минути поведоа и со (61:43). А во последните десет гостите од „Градски парк“ само го направија поразот пристоен.
Во четвртата победа во сезоната Грифин Раме даде 21 поен, Хендерсон имаше 13, а Каралиќ беше на поен до дабл-дабл скор (девет поени и десет скока).
Кај Работнички, Балмазовиќ заврши со двоен скор од 19.поени и 10 скока, исто таков, дабл-дабл имаше и Едвин, кој на 13.поени придодаде и 11 успешни додавања, но нивната екипа останува на недостижни за противникот 11. победи (сега и 14.порази).
КУМАНОВО 2009 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 88:84
Кошаркарите на Навико Академија ФМП имаа навидум добитна комбинација во Куманово затоа што во последната минута влегоа со предност од (84:81). Но во последните педесетина секунди „сино-белите“ беа поснаодливи. Дадоа дури седум не примија ниту еден поен, па ја продолжија успешната серија и во Плеј-аут лигата.
Сега имаат девет победи во 25. натпревари...
Новакот Душан Јузбашиќ одигра одличен меч кој го заокружи со 24.поени, и неверојатни 22. скока. Повеќе поени од него даде Зивчевиќ, 27, а на висината на задачата беше и Марјановиќ, кој запиша 16. реализации. „Лавовите“ од Кисела Вода имаа една петорка со двоен број на поени. Најмногу 21, даде високиот Тодоровски, а три помалку дојдоа од Бакоч.
Недоволно да се побегне иод третиот пораз по ред во овој втор дел од сезоната во кој Навико Академија ФМП се натпреварува во битката за опстанок извесно без вистински мотиви ако се знае дека одамна се надвор од оваа конкуренција.
КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 102:96
Потполно резултатски израмнет натпревар одиграа екипите на Кожув и на МЗТ Скопје Аеродром. Во Гевгелија двете екипи не успеаја да направат некоја поголема позитива. Цели три четвртини се играше во разлика од само неколку поени.
Дури во средината на последната, гостите од Скопје се стекнаа со плус од шест поени (91:85). Но и тоа не им беше гаранција за успех затоа што тимот од Гевгелија направи обид и успеа да го смени резултатот во своја полза.
На помалку од две минути до крајот, со серија (13-3), Кожув поведе со (98:94). А кога веќе дојдоа до една таква позитива, гевгелишани не ја испуштија. Стигнаа до особено важна победа, за нив деветта. Или пет повеќе во однос на конкурентот во битките а опстанок во друштвото на најдобрите, екипата на Ангели.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА - РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Ангели – Работнички 72:64
Куманово 2009 – Навико Академија ФМП 88:84
Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка 102:96
ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 14-11, Работнички 11-14, Куманово 2009 9-16, Кожув 9-16, Ангели 4-21, МЗТ Скопје Уни Банка 3-22;