14.05.2022

Славеа победа од (72:65) со која ја намалија разликата во однос на кумановци

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – 7. КОЛО ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Ангели не се предаваат, го победија и Куманово

На три кола пред крајот, екипата на Ангеи има три победи помалку во однос на Куманово 2009, екипата од која беа подобри во вечерашниот дуел.

АНГЕЛИ – КУМАНОВО 2009       72:65

Кошаркарите на Ангели продолжија со победувањето во Плеј-аут конкуренцијата. Беа подобри и од екипата на Куманово 2009, па сега на три кола пред крајот на овој сегмент од Првата лига, се на три чекори зад кумановци.

По релативно израмнетиот прв период од играта, во наредните два, екипата од Драчево направи клучна предност. До истекот на полувремето беше (38:31), а на истекот на третиот, таа разлика беше зголемена на недостижни за гостите од Куманово, (64:50).

Грифин Раме помогна со 20. поени за новиот успех на Ангели, Крстевски даде уште 13, а Хендерсон еден поен помалку. На другата страна, прв стрелец со 24. поени беше Марјановиќ. Јузбашиќ уфрли 18, а Глигоријевиќ уште 11. поени.

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП               75:81

Кошаркарите на Навико Академија ФМП и во изменет, ослабен состав, сепак ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со младиот состав од Аеродром, кој од минатото коло е прогласен за второлигаш.

Сепак, за да дојдат до триумфот гостите мораше добро да се помачат, иако имаа добар почеток. Десет минути во кои поведоа со (27:22). Во наредните десет, таа предност ја зголемија и на (52:44).

Пресвртот во играта се случи во третата четвртина во која „сино-белитр“ се вратија во игра за позитивен резултат. По 30.минути преминаа и во водство, навистина минимално (68:66).

На нецели пет минути пред крајот, гостите имаа плус од два поени (72:74) откако поентираше Петровски. Но во наредните пет, Навико Академија ФМП ја направи клучната разлика, доволна за победа.

Филип Бакоч со 25, и Леонид Тодоровски со 21 поен ги предводеа гостите до успехот, На другата страна пак, Петровски застана на 28.поен, Јигитоглу даде 14, а Митевски уште 13. поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Навико Академија ФМП          75:81

Ангели – Куманово 2009             72:65

15. МАЈ (НЕДЕЛА):

17.00: Кожув – Работнички

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/rzkXkaf-M_M

ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 16-13, Работнички 13-15, Кожув 11-17, Куманово 2009 10-19, Ангели 7-22, МЗТ Скопје Уни Банка 4-25;