МЗТ Скопје Аеродром продолжи со серијата на победи кои го поставија на првата позиција на табелата. Пречка за избраниците на Александар Петровиќ не беше ниту нивниот сосед од „Јане Сандански“, екипата на Феникс 2010.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010 92:68
Бранителот на титулата доминираше во првото полувреме во кое водеше со двоцифрени (50:40). Но сите дилеми околу победникот на „соседскиот“ натпревар во СЦ „Јане Сандански“ ги снема во наредните пет минути, оние по одморот. „Сино-белите“ направија серија од (12-0) со која го зацементираа своето водство, доволно за нов успех во првенството.
Поведоа со (62:40), па оние 15 минути кои останаа до крајот, се претворија во ревијални, за двете екипи, а по кои стана јасно дека Феникс 2010 во својот прв настап во Суперлигата останува без плеј-офот, а МЗТ Скопје Аеродром сега има и две победи повеќе во однос на Пелистер во пресрет на гостувањето на битолчани во Гостивар, утре вечер од 18.часот.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 8. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 92:68
15.МАЈ (НЕДЕЛА):
18.00: Гостивар – Пелистер
Сала „Младост“ – Гостивар
https://youtu.be/DYBcqkLxDr4
18.00: ТФТ – Еуро Никел 2005
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/qhA7Q0BaJjE
https://youtu.be/rzkXkaf-M_M
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26-4, Пелистер 24-5, Гостивар 17-12, Еуро Никел 2005 16-13, ТФТ 16-13, Феникс 2010 14-16;