15.05.2022

ТФТ стигна минус од 13.поени во финишот, но не го победи Еуро Никел 2005 (73:75)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – 8. КОЛО СУПЕРЛИГА: Кавадарчани ставија крај на кризата, блиску се до плеј-офот!

Двете екипи го дочекаа дуелот во Скопје со идентичен ефект (16-13), а во трката за место во плеј-офот, по 40.минути голема битка, на крајот се радуваа кошаркарите од Кавадарци.

 

ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ 2005               73:75

Се чини дека кавадарчани испуштија убава прилика уште во првото полувреме на гостувањето во СРЦ „Кале“ да направат некоја битна предност, секако, онаа резултатската, од оние (39:37).

Имаа (19-12) по нецели осум минути од играта во првиот период, додека во втората четвртина идентични (32:25), за на полувреме практично да ја поништат разликата.  

По поените на расположениот Костоски (негов 21.поен во тој дел од играта), во 28.минута беше нерешено, а веќе во наредниот напад Морган донесе водство за ТФТ (52:50).

Но, следуваше мини серија на кавадарчани од осум поени, за промена на водството. И сосема солидно водство (58:54) пред последната четвртина од овој исклучително важен меч во кој се бараше победа вредна трето место.

Еуро Никел 2005 беше постабилна екипа во десетте минути на одлука. По тројката на Соколов, конечно имаа и двоцифрено водство од (74:61) на 3:17 минути пред крајот. Домаши ните вратија со шест поени по ред за (67:74). И не застанаа тука, дадоа уште шест без одговор од гостинската страна, за минус од „пола кош“ (73:74) на 18.секунди пред крајот. Соколов погоди само едно слободно фрлање за (75:73), и им даде нова шанса на домаќините да се изборат за продоление или победа. Но во оние девет секунди кои останаа, Ташовски ја загуби топката, а Еуро Никел 2005 можеше да почне со славењето.

Ја прекинаа лошата серија на порази во вистинско време, против директниот конкурент за место кое води во плеј-офот.