13.05.2022

Во недела во „Младост“, гостиварци ќе се обидат да ја продолжат серијата на победи против довчерашниот лидер на табелата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – 8.КОЛО СУПЕРЛИГА/7.КОЛО ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Пелистер ја загуби првата позиција, Гостивар сака да остане на третата

Гостивар е во серија на победи, три по ред и четири во последните пет натпревари откако извршија промена на тренерската позиција. Пелистер пак е во една не баш суперлигашка форма.

Дали е тоа момент за екипата од Гостивар во недела навечер од 18.часот, да продолжи во исто темпо – победничко?

Одговор, јасно е, ќе дадат оние 40.минути за играње во салата „Младост“, каде довчерашниот лидер на табелата не доаѓа во, за нив, некој идеален момент.

Шампионот пак дојде до планираната цел, првото место во Суперлигата, и на три кола пред крајот има победа повеќе, но и гостување во Битола, во последното, 10.коло.

Но претходно МЗТ Скопје Аеродром треба да го „одработи“ дуелот со нивниот сосед од „Јане Сандански“, Феникс 2010, кој извесно е, го загуби чекорот со првата „четворка“ која оди понатаму.

Третата позиција не е недостижна и за екипите на ТФТ и Еуро Никел 2005, кои играат во недела од 18 часот во СРЦ „Кале“. Меч кој двете екипи го пречекуваат во сосема различно расположение.

„Црно-белите“ со победничко, по успехот во дуелот со Пелистер, кавадарчани пак сосема спротивно, со серија неуспешни игри во последните натпревари од Суперлигата, кои го доведоа и под знак на прашалник „веќе видениот“ пласман во Плеј-офот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – ДВОЈКИ 8. КОЛО

14.МАЈ (САБОТА):

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/HZUyEJYa9iw

15.МАЈ (НЕДЕЛА):

18.00: Гостивар – Пелистер

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/DYBcqkLxDr4

18.00: ТФТ – Еуро Никел 2005

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/qhA7Q0BaJjE

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – ДВОЈКИ 7. КОЛО

14.МАЈ (САБОТА):

15.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Навико Академија ФМП

Голема сала на СЦ „Јане Сандански “- Скопје

https://youtu.be/vXYuf8rugGs

17.30: Ангели – Куманово 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/mZLZG7If5yo

15. МАЈ (НЕДЕЛА):

17.00: Кожув – Работнички

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/rzkXkaf-M_M