28.05.2023

МЗТ Скопје Аеродром стигна до првиот поен во финалето, беше многу подобар од Пелистер (84:64)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ- ФИНАЛЕ: Шампионот тргна со „плус 20“ во одбрана на тронот

Актуелниот бранител на титулата, МЗТ Скопје Аеродром се стекна со почетна предност во големото финале на плеј-офот, откако пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“, делуваше убедливо против ланскиот и сегашен „предизвикувач“ – Пелистер.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР           84:64 (1-0)

Ако е нешто поразлично во однос на лани, секако освен измените во играчките ростери, оваа сезона, барем на премиерниот меч од финалната серија, екипата која ја брани титулата покажа дека знае да игра и одбрана.

Дека офанзивата и не е можеби најсилното оружје, на реално гледано, фаворитот во овој серија во кој шампион на Македонија ќе биде тимот кој прв ќе освои три поени.

Популарните „металци“ стигнаа до првиот, се чини нешто полесно од она што очекуваа(т).

Како доста долгиот период помеѓу полуфиналето и финалето подобро да им „легна“ на „сино-белите“.

Извесно, имаа рамноправен ривал, но само до средината на втората четвртина, кога за првпат се стекнаа со едноцифрено водство (31:21).

Сето останато, иако за доигрување имаше уште долго, долги 25.минути се претвори во едно рутинско одработување на задачите за актуелниот првак.

Едноставно без ефектот од комплетната стартна петорка, „пелистерци“ и не може(а) да очекуваат нешто повеќе во вака важни натпревари. Без „вистинскиот“ Хаџифејзовиќ, поентерски „нерасположениот“ Карутерс, тоа е видливо, и тоа како во играта на битолчани.

До истекот на полувреметот, МЗТ Скопје изгради и повисоки (39:23), но до истекот на полувремето таа разлика беше нешто помала, (41:29).   

Јасно беше, евидентно беше дека со тројца играчи (Стајиќ, Маслинко и Карпентер), Пелистер не може да му парира на МЗТ Скопје.

Барем не оваа вечер во СЦ „Јане Сандански“...

Очигледно, забележливо и во второто полувреме во кое за разлика од битолскиот, во скопскиот тим “работеше“ и „клупата“. Резервните играчи на МЗТ Скопје (тројца од нив) донесоа вкупно 24 поени. Или двојно повеќе во однос на противникот (Караџовски и Силаџи имаа по шест реализации).

Доволно за да се затвори ова прво поглавје од финалето со убедливи, плус 20 за фаворитот, веројатно и не само на хартија.

Второто ќе „се пишува“ во среда навечер, на истото место, но еден час подоцна, од 19.00. Шанса за битолчани да „се поправат“ (колку можат), а за „металците“ да репризираат една ваква игра во која доминира дефанзивниот сегмент, и следниот викенд во Битола да замина со голема предност во серијата во која ја бркаат својата десетта титула.