Двете екипи го завршуваат Плеј-аут сегментот со ефект (9-3), но генерално гледано, чаирчани имаат подобар меѓусебен скор и крајот на сезоната го дочекуваат како првопласирани во лигата за опстанок.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР 2030 82:95
Рамноправно се играше во првата половина од овој последен натпревар зња двете екипи во оваа натпреварувачка сезона. Ниту една од нив не реализира некоја повисока разлика во првите 20.минути, во кои, сепак, Навико Академија имаше плус од три поени (42:39).
Пресвртот се случи во онаа третата, во која гостите од Чаир одиграа и најефикасно. Ја добија со (28:17), доволно за пресврт, и промена на резултатот (67:59).
Кога веќе с естекнаа со така солидно водство, кошаркарите на тренерот Ерхан Рамадан, не дозволија да го загубат. Стигнаа до сигурен триумф во кој комплетната почетна петорка заврши со десет и повеќе поени. По 18 имаа Реџа и Тачи, два помалку постигнаа Синани и Џеладини, додека по десет додадоа Рушити и Чучковиќ.
Кај Навико Академија ФМП, Настовски потигна 19, а Велески уште 11. поени.
Утре вечер (19.30), својот последен меч како прволигаши го играат екипите на Струмица 2022 и Куманово 2009.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-АУТ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО
Навико Академија ФМП – Чаир 2030 82:95
24. МАЈ (СРЕДА)
19.30: Струмица 2022 – Куманово 2009
ТАБЕЛА: Чаир 2030 (9-3), Навико Академија ФМП (9-3), Куманово 2009 (3-8), Струмица 2022 (2-9)