Кошаркарите на Ангели стигнаа до третата победа во Плеј-аут лигата. Беа подобри од составот од Гевгелија, и ја сочуваа теоријата за опстанок во друштвото на најдобриоте, барме до наредното 6. коло од доигрувањето за опстанокот
АНГЕЛИ – КОЖУВ 78:68
Грифин Раме беше најзаслужниот што екипата на Ангели се стекна со водство на полувремето од средбата против екипата на Кожув. Американскиот бек постигна половина од поените на домашната екипа - 20, на истекот на 20 минути од играта против конкурентот за опстанок во Првата лига, екипата на Кожув, која даде четири поени помалку за тоа време - 36.
Штерјов со 12, и Унрух со 10 поени беа најдобрите реализатори во екипата од Гевгелија.
Во продолжението на играта, промена на играта и на водството. Гостинската екипа ја повтори играта од првиот период, и се стекна со солидно водство (58:54). Но на крајот се радуваа кошаркарите на Ангели. Беа подобри во четвртината на одлука.
Раме заврши со 26 реализирани поени, доби поентерска поддршка од Деолски, кој даде 13, и Хендерсон, кој уфрли еден поен помалку.
Слична беше распределбата на поените кај Кожув, каде Унрух заврши со 23 поени, 14 имаше Штерјов, а Оконкво стигна до дабл-дабл од 14.поени и 10.скока.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО
Ангели – Кожув 78:68
Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка во тек
Работнички – Навико Академија ФМП во тек
ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 14-12, Работнички 12-14, Кожув 10-17, Куманово 2009 9-17, Ангели 5-22, МЗТ Скопје Уни Банка 4-22, ;