07.05.2022

МЗТ Скопје Уни Банка е првата екипа која го напушта друштвото на најдобрите, не го изненадија Куманово на гостински терен (78:97)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ- ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА 5. КОЛО: Куманово ги уништи сите надежи за опстанок на младите „металци“ (ФОТО)

Екипата на МЗТ Скопје Уни Банка во следната натпреварувачка сезона ќе игра во Втората лига.

Младиот состав од Аеродром не успеа да изненади на гостински терен во Куманово.

КУМАНОВО 2009 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА     97:78

Освен првата чеѕтвртина во која беа конкуретни, се друго беше на страната на Кумановци. По релативно израмнетите (25:22), во првите десет минути, во оние вторите кумановски „сино-бели“ се стекнаа со двоцифрена предност. На полувреме водеа со (47:35). Но сите дилеми околу конечниот победник ги снема по одморот.

Во третата четвртина, кумановци се изборија за дополнителни десет поени вишок. Поведоа и со недостижни (72:50), па последните десет беа ревијални.

По пет одиграни кола  во Плеј-аут лига сега Куманово 2009 има ефект 10-17, додека пак МЗТ Скопје Уни Банка има само 4-23 со кои е веќе второлигаш, со оглед на тоа дека и екипата на Кожув има ефект идентичен на оној на екипата од Куманово.  

РАБОТНИЧКИ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП                87:92

Такви проблеми, поврзани со опстанокот во Првата лига немаа(т) екипите на Работнишки и на Навико Академија ФМП, па одиграа едне скоро ревијален меч во салата на СРЦ „Кале“.

Во првото полувреме двата ривали си „поделија“ по една четвртина. Гостите од Кисела Вода ја добија првата со (32:25), домаќините возвратија во втората со (23:16), за идентично прво полувреме (48:48).

А во продолжението на играта, немаше такви резултатски отскокнувања. Со забелешка дека Навико Академија ФМП сепак имаше постојана предност, које не беше и двоцифрена.  

Но ја загубија на три и пол минути пред крајот, кога капитенот на „црвено-белите“ Марковски погоди за три, доволно за минимално водство (82:81). Едвин повиси на (87:84) во последната минута од мечот во „Кале“.

Но на шест секунди пред крајот, Кошанин погоди тројка за водство на гостите, кое исто така со точен шут за три поени , Бакоч го претвори во конечна победа. Интересно, прва за Навико Академија во пет одиграни мечеви од Плеј-аут конкуренцијата.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Ангели – Кожув               78:68

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка             97:78

Работнички – Навико Академија ФМП                87:92

ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 15-12, Работнички 12-15, Кожув 10-17, Куманово 2009 10-17, Ангели 5-22, МЗТ Скопје Уни Банка 4-23;