11.05.2022

Со победата во „соседското дерби“ против Навико Академија ФМП (101:78), екипата од Драчево сочува каква-таква теорија за опстанокот

ПРВА ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА 6. КОЛО: Ангели не се предаваат (ФОТО)

По убедливиот триумф над соседот од Кисела Вода, Навико Академија ФМП, на четири кола до крајот на Плеј-аут лигата, екипата на Ангели има четири победи помалку во однос на Куманово кој е на место погоре на табелата

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – АНГЕЛИ         78:101

Две сосема различни четвртини одиграа „соседите“ од Кисела Вода. „Гостите“, екипата на Ангеи го доби првиот период од играта во кој поведе со (30:18). Но тоа високо водство на противникот како да не ги поколеба домашните кошаркари, се вратија веднаш. Во вторите десет минути од играта во салата „Независна Македонија“, а на истекот на првото полувреме Навико Академија ФМП восеше, макар и со минимални (45:43).
По релативно изедначената трета делница од играта по која резултатот беше уште „поблизок“ (68:67), одлуката за победникот во овој меч падна во последната.

Онаа која Ангели ја одиграа многу подобро, особено во нападот, и стигнаа до уште еден успех во Плеј-аут конкуренцијата. Во пет минути направија серија од (19-2) доволна за водство од (86:70) и победа над првопласираната екипа во Плеј-аут сегментот. Сега доволна за скор (6-22) со кој на четири кола пред крајот, имаат теоретски шанси за опстанок.

Дамјан Крстевски реализираше 25 поени за Ангели, Атанасов дополни со 16. Раме со 13, а Темелковски со 11 поени. Двоен број на реализации, десет имаше и Деолски за победникот, додека во поразената екипа, Тодоровски постига 20, а Кошанин еден поен помалку.

РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА          87:69

Домашните кошаркари доминираа во првите 20.минути во кои се стекнаа со убедливо водство од (42:30). Нападот на „црвено-белите“ го предводеше Балмазовиќ кој посигна 16.поени, а солидна поддршка доби од Какруки кој постигна десет.

Ништо не се промени и во продолжението на играта во овој натпревар кој се претвори во сосема ревијален, без резултатска важност за двете екипи, собено гостинската која во минатото коло ги загуби сите шанси за опстанокот. 

КУМАНОВО 2009 – КОЖУВ               66:73

Одлично полувреме одиграа кошаркарите на Кожув и Куманово. За 20.минути екипата од Гевгелија изгради висока предонст од (45:21), во голема мерка поради одличното поентерско издание на троецот Деј-Колев-Унрух кој искомбинира 36 од тие 45 поени.  

Кумановци се обидуваа постојано да ја стагнат високата негатива. Но тоа не им појде рака во оние 20. минути од второто полувреме, па победата ја однесоа гостите од Гевгелија, кои пак со овие два бода и дефинитивно го обезбедија опстанокот во друштвото на најдобрите. Имаат недостижни пет победи повеќе во однос на екипата на Ангели на четири кола пред крајот на Плеј-аут лигата. 

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Навико Академија ФМП – Ангели         78:101

Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка87:69

Куманово 2009 – Кожув               66:73

ТАБЕЛА: Навико Академија 15-13, Работнички 13-15, Кожув 11-17, Куманово 2009 10-18, Ангели 6-22, МЗТ Скопје Уни Банка 4-24;