16.04.2022

Екипата од Драчево успеа во обидите да стави крај на црната серија, го изненади видно изменетиот тим на „лавовите“ (72:60)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Балмазовиќ го спаси Работнички, радост и за Ангели

ФОТО: Стефан Балмазовиќ ја погоди тројката за победа на Работнички против младиот состав од Аеродром

Екипата на Ангели се тргна од последното место на табелата, сега во Плеј-аут сегментот.

За прв пат под водство на тренерот Бобан Митев славеа триумф, овојпат над „соседите“ од Кисела Вода, екипата на Навико Академија ФМП

АНГЕЛИ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП          72:60

Пресудна беше, интересно, последната четвртина, онаа во која домашната екипа направи сериозен „вишок“ од (16-5), за трета победа со која избија напред во однос на првиот конкурент екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.

Четири играчи на Ангели завршија со двоен број на поени. Новакот Каралиќ имаше 14, Раме и Темелковски по 13, а десет даде Милков.

Кај Навико Академија ФМП; Бакоч имаше 16, Тодоровски 14, а Двојаковски еден поен помалку. Но затоа пак дополни со 13.скока и две додавања.    

*А младите играчи од Аеродром запишаа еден мошне несреќен пораз во дуелот со Работнички

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – РАБОТНИЧКИ    72:73

Стефан Балмазовиќ им ги уништи надежите на „сино-белите“ откако на шест секунди пред крајот, погоди тројка за водство, и победа, минимална (73:72) на гостувањето во „Јане Сандански“.

За Работнички десетта во сезоната, додека МЗТ Скопје Уни банка останува на само две, и е уште еден чекор подалеку во обидите да останат во друштво на најдобите.
Балмазовиќ беше и најефикасниот играч на овој натпревар, застана на бројката од 28. поени, репрезентативецот Какруки имаше 19, а Златевски уште десет кај „црвено-белите“.

На другата страна, Петровски постигна 16, а Андоноски уште десет ( и седум асистенции).

*Она што го започнаа пред финишот на регуларниот дел, кошаркарите на Куманово 2009 го продолжија на почетокот на Плеј-аут натпреваруавњето. Стигна до важен гостински триумф против Кожув во Гевгелија.

КОЖУВ – КУМАНОВО 2009       72:89

Гостинската екипа доминираше во третата четвртина. Десет минути во кои „сино-белите“ не само што го анулираа водството на Кожув од полувремето (48:46), туку се сткенаа со сосема солидна предност од (59:51) како што беше по седум минути од играта во третиот временски квартал од мешот во салата „26.април“ во Гевгелија.

Гостите имаа (16-5) во тој временски интервал, а поентерското темпо го диктираше двоецот Марјановиќ-Зивчевиќ кои искомбинираа 37.поени. Ја задржаа таа предност и пред почетокот на последна (68:61). Така и продолжи гостинската екипа која со овој триумф има скор (7-16) и стигна на чекор до вечерашниот ривал (8-15).

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Ангели – Навико Академија ФМП      72:60

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 72:73

Кожув – Куманово 2009 72:89

ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП (14-9), Работнички (10-13), Кожув (8-15), Куманово 2009 (7-16), Ангели (3-20), МЗТ Скопје Уни Банка (2-21);