Како што загубија пред неколку дена против Работнички, така избраниците на тренерот Бојан Христовски стигнаа до успех против екипата на Навико Академија ФМП.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 88:89
Ја сочуваа предноста гостинските кошаркари која ја реализираа уште во првата четвртина од гостувањето во салата „Независна Македонија“. Имаа високи, убедливи (31:15) по истекот на првиот период од гостувањето во Кисела Вода, младите кошаркари од Аеродром.
Домаќините успеаја да одиграат доста ефиксно во вториот период, дадоа 30.поени, но МЗТ Скопје Уни Банка успеа да биде во слично поентерско издание. Реализираа гостите само три поени помалку, за да го сочуваат двоцифреното водство кое на полувремето изнесуваше 13.поени, односно (58:45).
Слично се развиваа настаните и во второто полувреме. Видно ослабениот состав на Навико Академија успеа да го стигне водството на противникот Но никако не успеа и да го престигне. Дури во финишот, односно последната минута, нивниот нов играч, Андреј Настовски успеа да ја симне разликата на само еден „играчки посед“.
Но немаше време за комплетен пресврт.
МЗТ Скопје Уни Банка дојде до третиот успех во сезоната, со кој успеа да ја оддржи макар и надежта дека може да стигне до ситуација во која би бил конкурент на Куманово 2009 во трката за место кое води во останување во елитната конкуренција.
КУМАНОВО 2009 – АНГЕЛИ 84:80
Неизвесно беше и во вториот меч од второто коло во Плеј-аут лигата, во кој Куманово 2009 го дочека составот на Ангели
Ниту една од двете екипи не направи посериозна предност во првото полувреме, кое сепак, заврши со поен вишок за гостите од Скопје (47:46).
Ангели направија пресврт, односно нешто поголема разлика по три одиграни четвртини, водеа во Куманово со солидни (70:65). Но во самиот финиш од играта, „сино-белите“ го свртеа резутатот во своја корист. И по трите реализиции од Марјановиќ од линијата за слободни фрлања, поведоа со (80:78).
Шансата да израмни во следниот напад, не ја искористи Деолски, а Марјановиќ со уште два „пенали“ ја потврди победата. За кумановци осма, во 24. одиграни мечеви која ги носи чекор поблиску до место кое води во Првата лига за следната натпреварувачка сезона.
Ангели остануваат на бројката од три триумфи...
Утре попладне, од 17.часот, второто коло од овој сегмент во трката за опстанок во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје,ќе го затворат екипите на Работнички и Кожув.
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО
Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка 88:89
Куманово 2009 – Ангели 84:80
21.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК):
17.00: Работнички – Кожув
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/NvWDRl-Kkqw