Непосредно пред стартот на финалната серија на плеј-офот, почна и разигрувањето за третото место во конечниот изглед на табелата во Првата лига-мажи, битно за „излез“ во европските натпреварувања, вклучително и регионалната АБА 2 лига за наредната натпреварувачка сезона. А во првиот меч од серијата “подобар во три натпревар“, Работнички го совлада ТФТ Моцарт.и го освои првиот поен во серијата.
РАБОТНИЧКИ – ТФТ МОЦАРТ 85:74 (1-0)
Извесно, и двете екипи се „борат“ да ги пронајдат оние последни мотиви за играње во оваа сезона особено по поразите во полуфиналните серии.
Оттука беше евидентирана и не баш ефикасна игра во првото полувреме во кое на крајот, предноста ја имаше условно земено „гостинската“ екипа – онаа на ТФТ Моцарт, која по 20.минути игра, водеше со (42:35).
Минути во кои Зафиров беше прв стрелец на двете стани од игралиштето, реализираше 10.поени, а еден повеќе од него даде Вертц, додека на другата страна, Декоузи застана на девет поени, а Ѓуроски, Ефремоски и Рикиќ го следеа со по шест.
Но третиот дел од играта му припадна на Работнички, екипа која во шест минути направи, парцијално (20-6), за да го врати водството на своја страна, и тоа сосема солидно, (55:48). Така односно слично беше и на крајот на периодот број 3, (65:57).
„Бело-црвените“ имаа подобар почеток и на последната четвртина за четири минути направија (10-4), овојпат доволно да се одвојат на највисоки, (75:61) и да ја најават првата победа во ова разигрување.
Петмина играчи на Работнички завршија со десет или повеќе реализации. Рикиќ се врати на дабл-дабл ефектите, имаше 17.поени и 13.скока, Ѓуроски реализираше 16, Декоузи и Ефремоски по 15, а Трајс уште 12 (и девет додавања).
Во екипата на ТФТ Моцарт, поентерски се одвоија Верц, со 20.поени, додека по 13. уфрлија Ташовски и Зафиров.