Во вториот натпревар од полуфиналето на плеј-офот, МЗТ Скопје беше подобар од својот веќен ривал, Работнички, и се стекна со право да ја брани шампионската титула.
Слично како и на првиот меч, популарните „металци“ го скршија отпорот на противникот во последната четвртина, доволно по 17. пат во својата историја да се најдат во големото финале, во кое ќе атакуваат на својот јубилеен десетти шампионски пехар во македонскиот шампионат.
РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 62:73 (0-2)
Стонастотен беше ефектот на домашната екипа во воведните минути од вториот меч од полуфиналето. Ги погодија кошаркарите на Работнички сите пет обиди од поле, за минимално водство (10:9) во пет минути играње во СРЦ „Кале“.
Од друга страна, изненадување беше стартот на Абу во првите пет во изборот на Васил Атанасов, тренерот на МЗТ Скопје. Делуваше како добра опција, барем во тој почетен дел на уште една вечна приказна која ја презентираа најголемите ривали во мак-баскетот.
Нервозата на трибините го донесе и првиот прекин на дербито (фрлени безброј хартиени ленти на теренот), по неполни шест минути, кога, резултатски гледано, Работнички поведе со (12:9).
Но откако ситуацијата беше „исчистена“ и натпреварот продолжи, влезе во резултатски егал, и н а крајот на првиот период двете екипи дадоа по 18.поени.
Андоноски беше изненадување, макар и делумно, за одбраната на Работнишли во првите минути од втората ќетвртина. Не и Војдан Стојановски по чиј точен обид за три поени, МЗТ Скопје Аеродром поведе со (25:21), минута 13...
Нешто повисока беше позитивата за гостинската екипа (32:27), кога положи Кук, а останаа 3:20 минути до истекот на првото полувреме.
Капитенот Горјан Марковски ги реализираше следните три напади на „црвено-белите“, доволно за резултатски приклучок, (30:32). Но следуваа пет поени по ред на „металците“, за највисоката разлика во првото полувреме, (37:30), креирана од Кук и Вер, со дополнение на В. Стојановски. По неговиот 11.поен, „сино-белите“ се одвоија и на (39:32), пред Вер да погоди тројка од осум метри и постави (42:34) на семафорот, пред заминување на голем одмор.
Работничи беше екипата која подобро го отвори и второто полувреме. Направија „бело-црвените“„ серија од (7-2) со која за три и пол минут игра се доближија на (41:44).
Неполни две минути подоцна, по тројката на Умпиг, Работнички беше екипата која водеше, макар и минимално (46:45), знак за тренерот Атанасов да потроши уште еден тајм-аут.
Многу подобро, особен во одбраната, функционираше тимот кој важи како „предизвикувач“ во ова полуфинале. За скоро осум минути, екипата од Аеродорм реализираше скромни шест поени!
Доволно Работнички да се одвои, макар и на плус 4, (52:48). Само до моментот кога Војдан Стојановски погоди нова тројка, да ја врати ситуацијата на теренот кон егал (51:52).
Сличен беше резултатот, (54:53), и по 30.минути...
Работнички имаше проблеми во реализацијата на шутот, особено за три поени (2/19), МЗТ Скопје пак се мачеше од линијата за слободни фрлања (8/15), но поведе одново, сега со (60:56) по нешто повеќе од три минути игра од последната четвртина.
Бакоч ја прекина серијата од (9-2) на гостинската екипа, но Вер беше прецизен за три поени, и го натера тренерот Димитар Мираковски за кратко време да земе уште една минута одмор.
МЗТ Скопје одново имаше солидни (65:58) на 4:54 минути до крајот.
Повисоки ги направи Кефи, украде топка и положи за највисоко водство на гостите (67:58).
За уште еден тајм-аут на домашниот тим...
Но и многу пократко време за Работнички да се врати назад во мечот број 2 од полуфиналето, само 3:12 минути. Период во кој аеродромци направија (16-4) кои сериозно ги доближија кон влезот во големото финале и одбрана на титулата. И успешно се одбранија од последниот обид на вечниот опонент, доволно за пласман во финалната серија во кое ќе го чека подобриот од серијата Пелистер-ТФТ.
Војдна Стојановски и Кук реализираа по 18.поени, Вер даде 12, а Абу уште 11. поени за екипата победник, додека на другата страна Малешевиќ застана на бројката од 14.поени, еден помалку даде Ѓелетовиќ, додека пак Нотиџ ја заврши сезоната како играч на Работнички со десет реализации.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ
ПОЛУФИНАЛЕ – ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 62:73 (0-2)
18.МАЈ (ЧЕТВРТОК)
19.30: ТФТ Mozzart – Пелистер (0-1) (МРТ3)
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/qghC6ZFppjg?feature=share
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Струмица 2022 – Чаир 2030 НЕОДИГРАНО
Куманово 2009 – Навико Академија ФМП 81:115
ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП (8-2), Чаир 2030 (7-2), Куманово 2009 (2-8), Струмица 2020 (2-7)
ИДНО КОЛО (20.05)
Чаир 2030 - Куманово 2009
Навико Академија ФМП - Струмица 2020