14.05.2023

Битолчани рано „влегоа“ во голем резултатски плус и убедливо го поразија тимот од Тафталиџе со (100:80)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Пелистер стартуваше со „стотка“ во полуфиналето

Актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер без проблеми дојде до водство од 1-0 во полуфиналната серија против ТФТ Моцарт.

ПЕЛИСТЕР – ТФТ MOZZART       100:80 (1-0)

Многу работи во Битола беа јасни уште во првата четвртина. Пелистер отвори со големи (14-0), на истекот на петтата минута водеше со (19-2), а на стартот од вториот квартал и со неверијатни, но вистинити (46:20).

ТФТ Моцарт ја врати драматиката на овој меч дури во третиот период. „Црно белите“ направија серија од 15-0 и се доближија на срриозно достижни (60:66). Но Пелистер брзо одговори со 8-1 за +13 (74:61) и до крајот на натпреварот, разликата не „падна“ на едноцифрена.

Босанскиот интернационалец Сеад Хаџифејзовиќ оствари индекс 35, откако дојде до дабл дабл ефект од 32 поена и 12 скока. Добро го следеше и Маслинко со 23 поени, како и Карутерс кој исто така оствари двоене учинок со 10 поени и 10 асистенции.

Александар Костоски беше најефикасен кај ТФТ со 19 поени, но двоцифрен беше само уште Хотон со 13.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ПРВ НАТПРЕВАР

Пелистер – ТФТ Mozzart 100:80 (1-0)

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            82:71 (1-0)

 

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Куманово 2009 – Струмица 2022       91:92

Чаир 2030 – Навико Академија ФМП           93:99