13.05.2023

Бранителот на титулата го скрши отпорот на Работнички во последната четвртина (82:71) за водство (1-0) во серијата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Прва радост за првакот

За првпат по 2019 година, најголемите ривали и најтрофејни екипи во македонската кошарка, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ излегоа еден спроти друг во една плеј-оф серија од шампионатот.

За разлика од тогаш, кога директно се бореа за титулата и се сретнаа во големото финале, вечерва заиграа во полуфиналето, фаза во која не играле еден против друг цели 12 години.

Последен пат „вечно“ дерби во полуфиналето имаше во сезоната 2010/11 кога Работнички славеше во пет натпревари...

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – РАБОТНИЧКИ    82:71 (1-0)

Мошне тврдо се играше во првото полувреме од првото полуфинале од плеј-офот. Вечните ривали не понудија квалитет во тие 20.минути, особено оние почетните.

Извесно е дека важноста на натпреварот „делуваше“  во психологијата на актерите на теренот во СЦ „Јане Сандански“.

Сепак, се играше кошарка, а водството, макар и не така големо, го имаа гостите. Работнички водеше со (16:13).

Во вториот период, нешто покачена ефикасност на двете страни, но тоа не беше игра за сладокусците кои добро ја пополнија салата во Аеродром.

Ривалите се менуваа во водството, и таа слика беше репризирана, се до онаа последна минута на првото полувреме. Онаа во која „сино-белите“, макар и со тешка мака се одовоија на плус 6, (34:28), кој го намали Малешевиќ и постави „отворен резултат“ (34:30) во корист на бранителот на титулата.  

Важен момент во играта на гостинската екипа е што „активна“ беше првата петорка, која и ги реализираше сите 30. поени, а 13 од нив му припаднаа на Умпиг.

На другата стана пак, очекувано, далеку поголема бројка на „употребливи играчи“, секако за вака важни натпревари, и сосема коректни, 13. поени кои дојдоа од „резервистите“.

Домаќинот го чуваше тешко стекнатото водство во продолжението на играта. На половина од третата четвртина, аеродромци имаа плус од пет поени (45:40), а Војдан Стојановски беше првиот двоцифрен играч (реализираше десет поени).

Интересно, неговиот брат близнак, Дамјан, пак собра дури десет скокови за тој временски интервал.

Тројката на Кефи, пак го донесе МЗТ Скопје до најголемата предност на мечот (48:40), како потврда плус на далеку подобриот квалитет, макар и во поглед на ефикасноста, на премиерниот натпревар од полуфиналната серија.

Истата разлика ја имаа и пред крајот на тој дел од играта (56:48), пред да погоди Ѓелетовиќ и да постави (56:50), на семафорот по 30.минути.

„Црвено-белите“ имаа подобро отворање на четвртината на одлука. Во бешто повеќе од една минута Ѓелетовиќ и Малешевиќ ги реализираа првите два напади за (54:56), и тајм-аут на тренерот на МЗТ Скопје, Атанасов.

Не толку успешен, затоа што расположениот Ѓелетовиќ погоди и шут за три поени (негов 16 поен), за само поен негатива (57:58) за Работнички.

Но „металците“ успеаја да го одбијат тој сериозен напад на противникот. Прво, преку поените на Вер и на Кук (62:57), а потоа своја серија имаше капитенот Д. Стојановски, кој практично самиот, во неполни две минути,  донесе и прво двоцифрено водство за шампионот (69:57), минута 35.

Тука некаде и престана отпорот на Работнички...

По забивањето на Кук, МЗТ Скопје имаше уште поголеми, и тешко достижни (73:60), за реакција на Димитар Мираковски. Како понатаму во оние 4:27 минути кои останаа да се играат во оваа полуфинална пресметка.

Таа висока негатива се покажа и како недостижна за екипата „предизвикувач“ во оваа серија, која за неколку дена, на свој терен, во СРЦ „Кале“, ќе има шанса за реванш. 

 ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ПРВ НАТПРЕВАР

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички             82:71 (1-0)

14. МАЈ (НЕДЕЛА):

18.30: Пелистер – ТФТ Mozzart

Сала „Боро Чурлевски “- Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/uzJLIa-TTlY?feature=share

 

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

Чаир 2030 – Навико Академија ФМП           93:99

14.МАЈ (НЕДЕЛА)

19.00: Куманово 2009 – Струмица 2022

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PKUhWS58zL4?feature=share