17.05.2023

Денеска и утревечер, се играат вторите натпревари од полуфиналните серии

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Работнички бара реванш, Пелистер оди во „Кале“ по ново финале?

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ја искористија предноста којa ја носи играњето на домашниот терен, и го освоија првиот поен во полуфиналните серии со Работнички, односно ТФТ.

А по пауза од само три дена, на ред се, условно кажано, реванш натпреварите, оние на кои својата шанса ја чекаат „предизвикувачите“.

Во два дена, во СРЦ „Кале“ ќе бидеме сведоци на нови возбудувања, а дали ќе видиме промоција на финалистите, останува да покажат овие 40.минути кои следуваат.

Актуелниот шампион стигна до победата во натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“, макар што решавачки за триумфот (82:71) беа последните седум минути. Работнички покажа дека може да биде конкурентен, но за победа на вечерашниот натпревар (18.часот, пренос на МРТ 3), ќе мора да има и повеќе расположени, пред се, поентери, па и уште поголема помош од „клупата“, која реално и не е така „долга“. Особено споредбено гледано, со онаа на вечниот ривал, што и ја донесе разликата во првата пресметка.

*Кошаркарите на Пелистер пак се чекор поблиску до големото финале, затоа што делуваа доста сигурно, и пред се, ефикасно во првите 40.минути од серијалот против ТФТ (100:80). И доколку „зелено-белите“ продолжат во исто темпо, извесно е дека оваа серија и би можела да заврши во четврток навечер.

Секако, свои пресметки имаат и „црно-белите“, макар што на првиот меч беа далеку од шанса за „брејк“. Но овојпат пред нив стои сериозен императив, некое „морање“ за серијата да „отиде“ и во трет натпревар. А избраниците веќе еднаш беа во таква ситуација, во онаа четвртфинална серија со Еуро Никел 2005, кога го загубија првиот меч пред својата публика во „Кале. Но „се вратија“ во наредните две, и станаа полуфиналисти. И шанса да направат уште еден исчекор, да заиграат и во големото финале на плеј-офот.   

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ

ПОЛУФИНАЛЕ – ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

17. МАЈ (СРЕДА)

18.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (0-1) (МРТ 3)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/B9HjKpHXTbs?feature=share

18.МАЈ (ЧЕТВРТОК)

19.30: ТФТ Mozzart – Пелистер (0-1) (МРТ3)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/qghC6ZFppjg?feature=share

 

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

ДВОЈКИ 4. КОЛО

17. МАЈ (СРЕДА)

17.30: Струмица 2022 – Чаир 2030

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/S5fYLO8cmyY?feature=share

18.00: Куманово 2009 – Навико Академија ФМП

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ipQHUVPXBnQ?feature=share