06.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Екипата од Аеродром стигна до планираната цел, кога се во прашање оние домашни обврски. На куп-трофејот, МЗТ Скопје го придодаде и оној шампионскиот.

За тоа им беа потребни вкупно 29.натпревари.

На оние кои ги играа на домашен терен, „сино-белите“ во просек реализираа по 86.5 поени, имаа по 40 скока, 19.8 асистенции, освен тоа имаа и по 15.5 освоени и девет загубени топки по натпревар.

Во оној процентуален дел, имаа 72.4% од линијата за слободни фрлања, потоа 57.4% за два и 37.9% во обидите за три поени.

На гостински терен, новиот-стар шампион реализираше во просек по  85.2 поени, со процент на реализација од 67.1% од линијата за слободни фрлања, 58.2 во обидите за два, и 37.1 за три поени.

Во пријавните листи за оние официјални првенствени натпревари, екипата од Аеродром пријавила вкупно 20.кошаркари. Меѓу нив и најмладите, Сергеј Петровиќ и Борјан Китановски.

Двајца играчи од ростерот, капитенот Дамјан Стојановски и Дамјан Робев ги одиграле сите 29. натпревари за МЗТ Скопје во оваа сезона.

Поентерски гледано, Кеандре Кук е најдобар стрелец затоа што има просек од 14.8 поени, но на само 11 мечеви од домашниот шампионат. Војдан Стојановски, кој беше и МВП на финалната серија, има 13. поени, а Бојан Крстевски по 10.3 по натпревар.

Самет Јигитоглу, кој одигра 11 натпревари, има условно земено, најдобар скокачки просек, по 7.1 скока на натпревар. А од играчите кои ја доиграа оваа сезона, по 5.5 скока по меч имаат Страхиња Миќовиќ односно Александар Бурсаќ. Најдобар асистент, со 4.7 додавања по натпревар е Мајкл Кефи.

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023