06.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 – ПЕЛИСТЕР

Втора година по ред, битолчани завршуваат како вицешампиони во Првата лига.

Но бројките кои ги реализираа битолчани во сезоната која ја оставаме зад нас, велат дека се меѓу најдобрите во друштвото на најдобрите.

Екипата од Битола е единствената која во оваа сезона одигра вкупно 30 првенствени натпревари. И е најдобрата според бројот на дадени поени на домашен терен – просек од 93.6 поени. Доста повеќе во однос на бројот на реализации на гостински – „само“ по 82.

Пред своите гледачи во салата „Боро Чурлевски“ имаа и по 35.8 скока (на гости по 34.6), 20.2 асистенции (како гости по 19.9), 15.2 загубени топки (15.4 на гости), 9.8 освоени топки (9.2) и идентични 2.2 блокади, без оглед на местото  на играње.

Во оној друг сегмент – процентуалниот, имаат 70.1% од линијата за слободни фрлања (на домашен терен), односно 65.3%, потоа 63.1% за два поени (59.6% на гости), и 39.2%  во обидите за три поени на домашен односно 30.6% на гостински терен.

А во оној играчки дел од статистиката, една петорка (Андреј Маслинко, Кени Карпентер, Донтај Карутерс, Иван Сапунџиев и Димитар Караџовски) одигра по 28 од максималните 30. мечеви во оваа сезона. „зелено-белите“ бои ги бранеа вкупно 14. кошаркари кои запишаа најмалку еден настап.

Од нив, најдобар поентерски учинок забележа Сеад Хаџифејзовиќ, имаше просек од 17.4 поени по натпревар, пред Карпентер со 14.6 и Карутерс со 14.4 поени, а двоен број на проени имаа и Маслинко, 12.5, и Стајиќ 12.4.

Очекувано, би се рекло, Хаџифејзовиќ е и најдобриот скокач во екипата од Битола, со просечни 6.3 скока, што е за малку повеќе во однос на Маслинко, кој заврши со 6.1.

Најдобар асистент, исто така очекувано, е Бобан Стајиќ, кој  запиша по 6.2 асистенции на натпревар.

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023