Оваа сезона, најтрофејниот клуб стигна до полуфиналето на плеј-офот...
Уште една сезона без трофеј е зад клубот од „Градски парк“. Оваа ќе биде забележано, дека „црвено-белите“ играа во полуфиналето на плеј-офот, каде во два натпревари беа елиминирани од нивниот вечен опонент – МЗТ Скопје Аеродром.
Сезона во која исто така, е запишано дека Работнички одигра вкупно 26.натпревари, и интересно, со скор ист поентерски ефект без оглед на тоа дали тоа било на домашен или пак на гостински терен.
Во СРЦ „Кале“, избраниците на тренерот Димитар Мираковски реализираа и нешто послабо, по 83.38 поени, за разлика од игрите на гостински терен – 83.62.
Имаа и просек од 37.2 скокови (35.9 на гости), 18.4 асистенции (со 18.1 надвор од Скопје), како и 13.3 загубени и девет освоени топки на домашен паркет, односно 14.6 и 8.5 на гостински терен.
Во оној процентуален сегмент, Работнички имаше 74.4% на реализација за еден поен, 56.75% за два, и 35.2% за три поени, кога се зборува за игрите пред својата публика, односно 71.7% од линијата за слободни фрлања, 58.4% од онаа која означува два поени, и 36.5% зад онаа од 6.75 метри.
Вкупно 16. кошаркари (за) играа за најтрофејниот клуб во нашата земја во оваа првенствена сезона. Од нив еден од најмладите, Андреј Шошкиќ, запиша и најмногу настапи – 26, или еден повеќе во однос на капитенот Горјан Марковски и Ерик Нотиџ.
Американецот Камерон Форте одигра 11.натпревари во „црвено-бела“ комбинација на дресот, и имаше највисок поентерски просек – 22.7 поени.
Од оние кои ја доиграа сезоната, сепак прво поентерско има е Ѓорѓе Џелетовиќ, кој финишираше со 18.5 поени по натпревар (одигра 12. средби).
Најдобар во оние скокачки активности беше (додека играше) повторно Камерон Форте со 11.8, и повторно Џелетовиќ кој има 7.7 скока.
Ерик Нотиџ, со 4.48 асистенции беше и најдобриот додавач во тимот од „Градски парк“.
ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023