06.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 – ТФТ MOZZART

Чекор понапред во однос на ланскиот шампионат направија кошаркарите од Тафталиџе

Иако не стигнаа до финалниот натпревар, сепaк, зад ТФТ Mozzart  е сезона во која може да се забележи клупски „напредок“. „Црно-белите“ од Тафталиџе стигнаа до полуфиналето на плеј-офот, каде во двомеч беа елиминирани од битолски Пелистер. Екипата со која, освен во првенството, „војуваа“ и низ натпреварите во АБА 2 лигата.

Сезона во која забележаа 27. натпревари, во кои за нијанса, подобри статистички показатели имаа(т) во домашниот дел. Имаат просек од 85.2 поени по натпревар, до кои доаѓаа со процент на реализација од 70% за еден поен, 51.4% за два, и 37.7% за три поени на натпреварите кои ги играа на домашен терен, односно 65.3% од линијата за слободни фрлања, 56.6% во обидите за два и 31.9% за три поени, на гостински паркет.

Имаа и по 37.7 скока на домашен, односно 36.6 на гостински терен, како и 19 асистенции на домашен, и 16.5 на гостински терен. Сезонава, тимот кој го предводеше Боро Смилковски ја заокружи и со 12.5 загубени топки на домашен односно 14 на гостински терен, и по 7.8 освоени топки како домаќини, и повисоки 8.1, како гости.

Бројка од 15. кошаркари оваа година имаше ТФТ во својот ростер, а скоро половина од нив беа странци, макар што Кристофер Тавиа и Донован Доналдсон играа само по еден натпревар.  

А Александар Костоски е најдобриот реализатор, со просек од скоро 14 поени, предводи група на „двоцифрени“ во која се уште и Дупре Мекбраер, Лаклан Андерсон, Џермејн Бишоп, Трент Батрик и Виктор Ташовски.

Батрик е најдобар на листата на скокачи, има просек од 6.8 скока, нешто повеќе во однос на Давид Хаутон со 6.5 скока.

Со просек од 5.1 асистенции, Костоски е и најдобриот разигрувач во екипата која оваа година е еден од четирите полуфиналисти во нашиот шампионат.  

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023