06.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 – ЕУРО НИКЕЛ 2005

Кавадарчани застанаа во четвртфиналето на плеј-офот...

Долго време беа во средишниот дел од табелата и се чини дека кавадарчани не го направија оној чекор кој води кон самиот врв, односно во онаа прва „четворка“.

А беа доста блиску да го реализираат тоа кошаркарите на Еуро Никел 2005 во сезоната која заврши овој викенд. Направија „брејк“ во четвртфиналето, го победија ТФТ во Скопје, но потоа ги загубија наредните две, и се збогуваа со сезоната.

А што направија, од статистичка гледна точка, во тој период кошаркарите кои од клупата и оваа сезона ги предводеше тренерот Горан Самарџиев?

Еуро Никел 2005 одигра вкупно 25. натпревари во Првата лига. Во просек реализираа по 77.9 поени на домашен, односно по 74.6 поени на гости.

Притоа имаа процент на реализација од 70.2 % за слободни фрлања (како домаќини) и 66.5% (како гости), 56.6% за два поени (и 52.8% на гостински паркет), и 29.4% за три на домашен и 32.2% на гостински терен.

Освен тоа, во просeк имаа и по 37.4 скока на свој, и 38 на гостински терен, по 20.8 асистенции како домаќини и 16.8 додавања како гости. На тоа додадоа и по 14.4 загубени топки кога играа во „Јасмин“, односно 14.1 на гостинските терени. Имаа и по седум освоени топки, како домаќини, и по 5.6 на гостувањата.

Оваа сезона, тренерот Самарџиев „користеше“ вкупно 14.кошаркари. А максимален број на натпревари, по 25, одиграа ветеранот Дарко Соколов, Марјан Младеновиќ и Јуре Планиниќ, а еден помалку од нив, искусниот Никола Караколев.

Јуре Планиниќ запиша и највисок просек на поени, имаше 17.48, макар што сличен беше и ефектот на Кирил Николовски, кој пред сериозно да се повреди, одигра четири натпревари.

Планиниќ беше веројатно и најстандардниот, и најдобар играч на Еуро Никел 2005, ако се знае дека е и прв скокач во тимот со просечни 8.6 скока по натпревар.

Прв асистент во екипата од Кавадарци бепе Марјан Младеновиќ, во просек имаше по 5.9 асистенции, нешто повеќе од Дарко Соколов кој ја финишираше сезоната со пет успешни додавања.

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023