06.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 – ФЕНИКС 2010

Во годината во која направија големи промени, и ја завршија само со домашни играчи, „фатија“ место во доигрувањето...

Беа доста подобри во Куп-натпреварувањето, стигнаа до финалниот меч (загубија од МЗТ Скопје Аеродром). Веројатно тој момент беше и „пресуден“ во вториот дел од сезоната Феникс 2010 да обезбеди место во доигрувањето а потоа да ја доигра лигата со домашен играчки персонал.

Во секој случај, успешен настап имаше екипата која ја води Денис Дервишевиќ.

А што велат бројките, за оној сегмент наречен Прва лига?

Оние тимските се дека Феникс 2010 давал поголем број на поени, навистина незначително, но вистинито, по 78.69 на гостински и 78.08 на домашен терен.

Имаа подобра реализација на гостински терен, за еден поен 73.3% на гости спрема 66.8% на домашен терен. Потоа 30.26% за три поени како гости во однос на 30.23% на домашен паркет. Подобри, кога играа дома беа во обидите вредни по два поени (56.6% во однос на 54.1%).

Во останатите категории, „домашна доминација“. Односно имаа по 18.5 асистенции на домашен терен, во однос на оние 16.5 на гостински. Потоа 13.1 загубена топка како домаќини, спрема 13.7 како гости, и седум освоени во однос на 6.5 топки „украдени“ на гостински паркет.

Феникс 2010 е рекордер во Првата лига според бројот на пријавени играчи кои запишале најмалку по некоја минута во Првата лига. Звучи неверојатно, бројката е 26, и тоа на само еден натпревар помалку кои го одиграа во текот на сезоната.

Сите првенствени натпревари ги одиграа тројца играчи, Андреј Митревски, Амар Хот, од оние „староседелците“, како и Марјан Јанески, кој подоцна му се приклучи на тимот.

Најдобар реализатор е најискусниот во екипата, Бојан Трајковски, кој забележа просек од 19.4 поени на 21. одигран меч. „Двоцифрен“ просек имаат Демонте Бекингем 19.1 (но со само шест одиграни натпревари), потоа Андреј Митревски (15.поени), Марјан Јанески (12.2), и Чарлс Фалден (11.9).

Трајковски е и најдобриот скокач во екипата, со просечни 9.1 скока, пред Амар Хот кој има 8.1, додека пак со 4.2 асистенции, прв додавач во тимот е Андреј Митревски.

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023