07.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 – ГОСТИВАР

Беа непобедливи дома, но потклекнаа кога најмалку беше очекувано, во „мајсторката“ која водеше во полуфиналето

Факт е дека играа многу подобро на домашен отколку на гостински терен. Тоа и го кажува статистиката за сезоната на Гостивар, онаа 2022/2023.

Беа непобедливи во текот на регуларниот дел. А „паднаа“ кога им беше најпотребно, избраниците на тренерот Љупчо Малинков. Во решавачкиот натпревар со Работнички, оној кој носеше пласмна во полуфиналето на плеј-офот, со што и ќе беше „потврдена“ онаа „четворка“ во првата фаза од шампионатот.

Во прилог на тоа одат и бројките...

Во просек, екипата на Гостивар реализираше по 87.6 поени на домашен, и далеку пониски 78.1 на гостински. Имаа 40.6 кога играа на свој, а 38.3 на теренот на противниците. Правеа по 18.9 успешни додавања во својата сала „Младост“, на гости пак само 13.5. Имаа повеќе освоени топки дома, по осум, на гостин една помалку - седум.

Нема разлика и во бројот на загубени топки, што е особено интересно ако се знае дека на гости гостиварци губеа по 16.4, а на домашен терен далеку помалку, по 13.4.

Дома шутираа со 74% од линијата за слободни флања (на гости 66.7%). Имаа(т) 56.8% на успешност во обидите за два поени (на гости 52.8%), односно 32.6% за три (на гости 27.1%).   

Во оваа сезона, тренерот Малинков имаше на располагање само 13 кошаркари, со незначителен ефект на Мајкл Стадмен (нешто повеќе од пет минути на еден меч), и на Кахлон Витни (настапи на четири натпревари).

Лувејн Пипкинс, кој не ја доигра сезоната ако играч на Гостивар, имаше највисок поентерски просек, 17.9 поени, но од оние кои останаа верни на Гостивар, прво име беше Гиорги Корсантиа, кој ја заврши сезоната со 17.8 поени. Но и 12.5 скока, кои го прават не само прв скокач во тимот, туку воопшто и во Првата лига.

Виктор Ефремовски беше втор на листата на стреците, со просечни 15.4 поени 

Со 4.8 асистенции, Пипкинс е и прв асистент, а од оние играчи кои ја доиграа сезоната во која Гостивар одигра 25. натпревари, Немања Жигон имаше по 3.4 успешни додавања.

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023