07.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 – КОЖУВ

Она што го планираа, тоа и го реализираа кошаркарите и стручниот тим на екипата од Гевгелија. Обезбедија место во плеј-офот, навреме се тргнаа до зоната која води во Плеј-аутот.

Но осмотото место за противник во доигрувањето им го донесе најдобриот тим во лигата. Кожув покажа, можеби и најмногу го „испоти“ нов-стариот шампион, не само во четвртфиналето. Но сезоната за нив заврши токму во тие два меча со екипата од Аеродром.

Што вели статистиката за Кожув?

Дека се една од најефикасните екипи на домашен терен, затоа што во просек, „црвено-белите“ во гевгелиската сала „26.април“ реализираа по 89.поени (десет помалку на гостински терен).

Изненадувачки е што имаа доста помалку скокови на свој терен, по 30.3 во однос на игрите кои ги покажуваа на гостински (по 35.5). Исто така, и кога станува збор за бројот на освоени топки, имаа по 9.1 на гостински со 7.4 на домашен. Во оние други категории, гевгеличани имаа(т) по 19.4 асистенции пред своите гледачи, и 15.3 како гости, односно 15.5 загубени топки на гостински терен и помали 12.4 на својот.

Процентуално, реализираа со 79.1% во обидите кои вредат по еден поен (но гостински терен успешноста беше помала, 74%. Потоа, 60.9% за два поени како домаќини, и 54.8% на гостински терен, односно 32% за три поени, (30.5% на гостински паркет).

Во оваа сезона, Кожув одигра вкупно 24.натпревари. Но она што е забележливо е податокот дека на списокот на регистрирани играчи има дури 21.кошаркар.

Број 1 е сепак Мајрон Гордон, најдобриот стрелец во Првата лига. Одличниот американски бек ја заврши сезоната со просечни 26.поени. Пред Рамо Ризвиќ кој имаше 16.8, и Домен Братож со 13.6.

Душан Јузбашиќ кој играше во вториот дел од сезоната за екипата пд Гевгелија финишираше со 5.6 скока просечно по натпревар, додека пак најдобар асистент во тимот е Домен Братож, во просек реализираше по 4.1 додавања на еден првенствен натпревар.

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023