07.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 - ЧАИР 2030

Дебитантот во лигата ја постигна својата цел. Иако во најголем дел од сезоната, прва за нив во Првата лига, играа без поддршка на своите навивачи во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, избраниците на тренерот Ерхан Рамадан стигнаа од првичната цел – опстанокот во друштвото на најдобрите.  

Нивните статистички податоци велат дека во просек, на домашен терен, реализирале по 86. поени, имале по 38.1 скокови, 19.6 скока, но и 12.3 загубени топки, и 7.1 освоени топки.

Процентот на реализација им е 65.3% од линијата за слободни фрлања, 54.9% во обидите за два и 29.8 во оние за три поени.

Чаирчани одиграа 26. натпревари во оваа сезона, а на гостински терен просекот е нешто под оној домашниот. Имаат реализација од 77 поени по натпревар. Потоа 39.2 скока, 15.3 асистенции, 15.3 загубени и 6.6 освоени топки, плус 1.6 блокади. Процентуално, погодувале со 61.9% за еден, 49.4% за два, и 33.2% за три поени.

Индивидуално гледано, во првата прволигашка сезона, Чаир 2030 имал 20 играчи кои заиграле макар еднаш...

Поентерски, најдобар ефект имаат Јусуф Мохамед со 21.6 и Дарел Френклин кој во просек реализирал по 21.4 поени на еден натпревар. Од оние играчи кои ја доиграа сезоната, Давел Роби имаше 18.6. поени, а Недим Мустафица заврши со просек од 15.3 поени.

Мохамед е најдобриот скокач просечни десет скока на 15. одиграни средби, додека Мустафица застана на 9.2 скока.

Најдобар асистент на Чаир 203 во оваа сезона беше Давел Роби со просечни 4.6 додавања по меч.

Фатон Реџа и Мухамед Тачи се единствените кои настапија на сите 26. средби за екипата од Чаир, макар што исто толку има и Предраг Пајиќ (но во првиот дел од сезоната играше за Навико Академија ФМП).

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023