Извесно, една од најизбалансираните екипи во лигата, подеднакво играа и на домашен, но и на гостински терен. Но пред се, стигнаа до планираното. Со доста изменет состав, во кој имаше повеќе млади играчи, но и млади и непрофилирани странски играчи, обезбедија играње во Првата лига и во следната натпреварувачка сезона.
Тоа го кажуваат и оние статистички параметри, кои и ја дефинираат сезоната на „лавовите“ од Кисела Вода.
Видливо според бројот на дадени поени, по 83.4 на гостински, и 80.3 на домашен терен. Исто така и според бројот на скоковите, имаа по 38.3 кога играа на гостински терен и 35.5 скокови на домашен.
Имаа и по шест освоени топки како гости, и нешто помали 5.5 на домашен. Губеа по 16.5 топки како гости, дома пак имаа за нијанса помалку (16).
Слично е и во бројот на асистенции, исто така „решаваат“ нијанси. Дома имаа по 17.9, на гости нешто пониски, 17.5.
Кога сме кај процентите на реализација, сликата е исто така слична...
Навико Академија ФМП има 70.1% на успех од линијата за слободни фрлања кога играа на гостински паркет (дома 69.5%), имале и 53.9% во шутот за два поени (на домашен терен 52.2%), и на крајот, во шутот за три (36.6% на гостински, и пониски 34% на домашен терен).
Во оној играчки дел, Навико Академија ФМП има регистрирано вкупно 22 кошаркари во сезоната зад нас. И не така мала бројка, иако, што е момент за поздравување, најголем дел од нив беа млади сили, кои треба да се „база“ за наредните сезони.
Во оваа одиграа вкупно 28. натпревари (шест од нив во лигата за опстанок). Далеку напред, според поентерскиот просек е Маск Смит Меквејн, со 21.8 поени по меч. Но радува и ефектот на Габриел Костоски, кој заврши со 12.5 поени.
Дејан Бјелиќ со 8.3 скокови, е најдобриот скокач во тимот кој го водеше Тони Симиќ, додека пак во улогата на најдобар додавач е Маск Смит Мексвејн со 5.4 асистенции по натпревар.
ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023