07.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 – КУМАНОВО 2009

Година на разочарувања, и испаѓање од друштвото на најдобрите

Немаа многу моменти за радост симпатизерите на Куманово во оваа натпрварувачка сезона. А во онаа наредната, ќе ги следат низ натпреварите од Втората лига, затоа што по многу, многу години, Куманово 2009 го загуби прволигашкиот статус.

Зошто?

Од причина што се една од екипите со најлоши статистички показатели...

Во сезоната за заборав, во просек реализираа по 76.8 поени, и тоа на домашен терен (како гости даваа повеќе, по 78).

Имаа по 35.5 скока (дома) и 34.5 (гости). Беа подобри додавачи на домашен терен, каде остварија просек од 16.4 асистенции (гости по 14.6), имаа по 11.1 загубена топка на натпреварите во салата „Перо Наков“, и 14 на гостински терен.

Имаа и по 6.8 освоени топки како гости, нешто повеќе во однос на натпреварите на домашен терен – по 6.6.

Во сезоната во која одиграа 28. натпревари, раководството на Куманово 2009 ангажираше дури 26.кошаркари во оној активен ростер во сениорскиот сегмент.

Индивидуалниот статистички дел вели дека од оние „активни играчи“ (кои ја доиграа сезоната), Стефан Глигоријевиќ оствари просек од 12.4 поени, а Ненад Зивчевиќ 10.5.

Со просечни 9.4 скока, Глигоријевиќ е и најдобриот скокач во екипата која не ги реализира планираните цели, додека пак прв асистент, со 3.3 додавања по меч е младиот Лука Димитриевски.

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023