07.06.2023

...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СТАТИСТИКА НА СЕЗОНАТА 2022/2023 – СТРУМИЦА 2022

Тешко влегоа во Првата лига, а се чини некако прелесно струмичани го загубија статусот на прволигаш.

Само две победи во 27. одиграни натпревари (еден загубија со службен резултат). Тоа е премалку за клубот кој некогаш беше и шампион на Македонија.

Но тоа е едно дамнешно време, убаво за љубителите на кошарката во Струмица, градот кој беше синоним за овој спорт.

Оваа сезона, струмичките „сино-бели“ беа далеку од добри. За тоа сведочат и оние статистички параметри на крајот на сезоната во која Струмица се (пре) сели во второлигашката конкуренција.

Реализираа по 84.6 поени (на гостински терен имаа по 81.7), 37.2 скока (на гости по 35.1), 17.1 асистенција (на гости по 16.7). Имаа и по 15.2 загубени топки на домашен (и 15.3 на гостински), по 7.3 освоени топки дома, и шест кога играа на гостински терен.

Процентуално гледано, реализираа со 78% од линијата за слободни фрлања (на гости тој ефект беше 75%), потоа со 55.4 % во обидите вредни по два поени (51.2% на гости), како и 30.6% за три поени (и поголеми 36% на гости).

Стефан Крстајиќ беше еден до најдобрите стрелци и во минатата, но и во оваа сезона, сега како играч на екипата од Струмица дојде до просек од 20.2 поени. И заедно со Обиквели (просек од 20.4), беа носители на офанзивните активности на „сино-белите“. Недоволно да се избега од последното место на табелата.

Со нецели десет скока по натпревар, Обиквели е и најдобриот скокач во овој состав на Струмица, додека пак Никола Шуцов (со мал број на натпревари), имаше просек од пет додавања по натпревар со кои му се придружи на Крстајиќ, кој ја заврши сезоната (веројатно и престојот во Струмица) со просек од нешто повеќе од четири асистенции.

ИГРАЧКА СТАТИСТИКА (ПРОЦЕНТУАЛНО) ЗА СЕЗОНАТА 2022/2023