04.05.2022

Победата против Пелистер, утре вечер од 18.часот, го носи бранителот на титулата на делба на лидерската позиција

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СУПЕРЛИГА 5. КОЛО: Во Аеродром е битката за првото место

Колото број 5 од Суперлигата го носи и дерби дуелот помеѓу двете водечки екипи, Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром.

Утре вечер од 18.часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, актуелниот шампион ќе се обиде да ја продолжи победничката серија која трае во Суперлигата. И со евентуален успех да се изедначи според бројот на победи и на порази со водечката екипа во Суперлигата.

Од друга страна пак ова ќе биде и она вистинско искушение, да проверат колку навистина можат пред стартот на оние елиминациски средби кои со себе ги носи третата фаза – Плеј-офот.

Инаку, овој петти круг од натпреварите ќе стартува вечерва, од 20.30 часот, на истото место, СЦ „Јане Сандански“, а ќе го отворат екипите на Феникс 2010 и на Еуро Никел 2005.

Дебитантот во друштвото на најдобрите е се подалеку од позициите кои водат во доигрувањето. Освен тоа, преостанатиот дел од Суперлигата ќе го играат без помошта на странските кошаркари, па ќе им биде потешко да дојдат до уште некое изненадување во оваа фаза од натпреварувањето.

Кавадарчани имаа лошо издание пред некој ден во Битола, па сега ќе се обидат да го поправат впечатокот во дуелот со младите сили на Феникс 2010 во обидот да го одбранат третотo место кое го напаѓа екипата на ТФТ.

Скопските „црно-бели“ се пред сериозен испит зато што во истото време, но во Гостивар, ќе бијат битка со „сино-белите“ зад кои е еден „лесен пораз“ токму од актуелниот шампион.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА 5. КОЛО

4. МАЈ (СРЕДА):

20.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“  Скопје

https://youtu.be/V61sw079YV0

5. МАЈ (ЧЕТВРТОК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“  Скопје

https://youtu.be/OqhhrQ3ZcYE

18.00: Гостивар – ТФТ

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/7QP5CRol4Sw