11.05.2022

Вечерва (18.часот), Еуро Никел 2005 го брани третото место против МЗТ Скопје Аеродром

ПРВА ЛИГА МАЖИ – СУПЕРЛИГА 7.КОЛО/ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА 6. КОЛО: Дали кавадарчани може да излезат од кризата со победа против шампионот?

Уште четири кола има за играње во вториот дел од сезоната од Првата лига наречен Суперлига. Четири круга во кои треба да бидат одредени четирите учесници во плеј-офот.

Засега се познати два, водечките екипи на табелата, Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром кои во ова коло имаат гостински предизвици, натпревари против Еуро Никел 2005 и ТФТ во Кавадарци односно во Скопје.

„Сино-белите“ ја фатија онаа победничка серија, па вечерва во кавадаречки „Јасмин“ ќе се обидат да реализираат уште една со која уште повеќе ќе го притиснат составот од Битола, кој има незгодно гостување кај ТФТ.

Пред кавадарчани, кои евидентно, се во криза на игри и на резултати се создаде некој императив на победување со оглед на тоа дека веќе не се сигурно на позицијата 3 на која ги стигна се подобриот состав од Гостивар, кој во ова коло пак оди на гостински терен против новакот во оваа конкуренција – Феникс 2010.

„Фениксовци“ со уште помлад состав (без Бојан Трајковски и странските кошаркари), се на два чекори зад конкуренцијата која нишани плеј-оф, Но ќе бараат уште едно изненадување во оваа втора фаза од деби сезоната во Првата лига.  

Во Лигата за опстанок,  има само една непозната, која екипа покрај МЗТ Скопје Уни Банка ќе биде меѓу второлигашите во следната натпреварувачка форма.

Најблиску до тоа е екипата на Ангели, која нема право на пораз, ниту на вечерашното соседско дерби против Навико Академија ФМП, закажано за 18.часот во салата „Независна Македонија“  во Скопје.

Пораз против „лавовите“ ќе значи и крај на прволигашките амбиции за тимот од Драчево, кој сега од клупата го предводи Бобан Митев.  

ПРВА ЛИГА МАЖИ

СУПЕРЛИГА - ДВОЈКИ 7.КОЛО

11.МАЈ (СРЕДА)

18.00: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци ​

https://youtu.be/VLLiS-dkSoM

​12. МАЈ (ЧЕТВРТОК)

19.00: ТФТ – Пелистер

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/8FWcjSgat2c

20.00: Феникс 2010 – Гостивар

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/H3CpGs-n2V0

ТАБЕЛА: Пелистер 24-4, МЗТ Скопје Аеродром 24-4, Гостивар 16-12, Еуро Никел 16-12, ТФТ 15-13, Феникс 2010 14-14;

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – ДВОЈКИ 6. КОЛО

11. МАЈ (СРЕДА)

18.00: Навико Академија ФМП – Ангели

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/TANqzAGUOh0

18.30: Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/PfqLZV5j7AE

18.30: Куманово 2009 – Кожув

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/ydXtWNE8z08

ТАБЕЛА: Навико Академија 15-12, Работнички 12-15, Куманово 2009 10-17, Кожув 10-17, Ангели 5-22, МЗТ Скопје Уни Банка 4-23;