Кавадарчани имаа подобро второ полувреме против екипата од Гостивар а во кое стигнаа до нови бодови, сега суперлигашки...
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ГОСТИВАР 82:72
Доста израмент беше првиот натпревар од Суперлигата во оваа натпреварувачка сезона. Во кавадаречки „Јасмин“, домашниот Еуро Никел 2005 имаше постојано водство, но ниту во еден момент тоа не беше и гаранција за победа.
По изедначеното прво полувреме, во кое кавадарчани имаа минимални (38:36), до нешто посериозна предност дојдоа по паузата од 15. минути.
Во десет минути домашните кошаркари се одвоија на (61:53). А имаа и двоцифрени (66:55) на почетокот на последната четвртина. Но со серија од шест поени во низа гостиварци се приближија и до (61:66). Но Соколов со тројка потоа и Дубински ги вратија работите на своето место.
Еуро Никел 2005 одново имаше двоцифрен плус (71:61).
Се чини дека решавачка беше новата тројка на Дубински, со која на нешто повеќе од две минути пред крајот, Еуро Никел 2005 побегна на недостижни (79:66). А по оваа победа кавадарчани имаат скор (15-8), а гостиварци (13-10).
СУПЕРЛИГА
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
Еуро Никел 2005 – Гостивар 82:72
18.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):
20.00: Феникс 2010 – Пелистер
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/vXBcrNYQY_c
20. АПРИЛ (СРЕДА):
19.00: ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/4Z0GY95l5j4
ТАБЕЛА: Пелистер (20-2), МЗТ Скопје Аеродром (19-3), Еуро Никел 2005 (15-8), Гостивар (13-10), ТФТ (13-9), Феникс 2010 (12-10)