Водечката екипа во Првата лига-мажи, Пелистер, имаше успешен почеток на втората фаза - Суперлигата. Важеа како фаворити против изменетиот тим на Феникс, 2010 и тоа битолските „зелено-бели“ го потврдија на теренот.
ФЕНИКС 2010 – ПЕЛИСТЕР 69:77
Лидерот во шампионатот „влезе“ одлично и во првиот натпревар од Суперлигата. „Пелистерци“ доминираа во првото полувреме во кое се стекнаа и со двоцифрена предност. На полувремето водеа со (42:32), но на почетокот на вториот дел, работите почнаа да се менуваат на подобро, за домашната екипа.
Со серија од (8-2) домаќините, во чии редови се врати младиот репрезентативец Андреј Митревски, а во меѓувреме останаа без еден од носителите на играта, Двејн Морган, се приближија на (40:44). Но екипата од Битола успеа да го одбие тој напад, и тој период од играта го задржа високото водство.
По 30.минути, Пелистер водеше со нешто повисоки (57:45).
Слично како третиот, почна и последниот дел од играта. Со серија од седум поени, Феникс 2010 се симна на само „два напади“ заостанување (52:57). Но уште еднаш нивната серија, со тројка, ја прекина искусниот Караџовски (60:52).
Доста долго време на семадфорот во СЦ „Јане Сандански“ стоеше истиот резултат. И неверојатно исто се одвиваа настаните и во четвртата четвртина во која гостите до Битола, парцијално, изедначија на (10-10). И во 36.минута одново имаа двоцифрен плус од 12, поени (67:55).
Младиот состав кој го предводи Денис Дервишевиќ немаше намера да се предаде. Но „зелено-белите“ имаа(т) во овој момент далеку поголемо искуство, и рутинерски ги одработија преостанатите четири минути. За прв триумф во вториот дел од сезоната, и уште една одбрана на првата позиција.
СУПЕРЛИГА
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
Феникс 2010 – Пелистер 69:77
Еуро Никел 2005 – Гостивар 82:72
20. АПРИЛ (СРЕДА):
19.00: ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/4Z0GY95l5j4
ТАБЕЛА: Пелистер (21-2), МЗТ Скопје Аеродром (19-3), Еуро Никел 2005 (15-8), Гостивар (13-10), ТФТ (13-9), Феникс 2010 (12-11)