20.04.2022

Со пресврт во второто полувреме, „црно-белите“ го совладаа помалку заморениот МЗТ Скопје Аеродром (73:69), за 4.место на табелата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – СУПЕРЛИГА: ТФТ потсети кој е освојувач на Купот

Кошаркарите на ТФТ уште еднаш, покажаа дека со право се вбројуваат во кругот на екипите кои може да бидат дел од плеј-офот. На најдобар начин, со победа против бранителот на титулата и екипата од која беа подобри и во финалет на Купот на МАкедонија.

На првиот меч од Суперлигата, со пресврт во второто полувреме, „црно-белите“ го совладаа помалку заморениот МЗТ Скопје Аеродром (73:69), за 4.место на табелата

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73:69

Заморот предизвикан од одигрувањето на финалниот турнир во АБА 2 лигата во текот на мината седмица во Скопје, како да не им посмета на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром да имаат одличен почеток на дерби дуелот на првото коло од Супелригата.

Во заостанатиот натпревар во десет минути од играта се стекнаа со 11. поени предност гостите од Аеродром. Имаа сигурни (22:11). Ги чуваа во најголем дел од втората четвртина, кога ТФТ конечно заигра како што знае, особено во нападот.

Во финишот на полувремето, симнаа „црно-белите“ добар дел од таа двоцифрена негатива. Беа на минус од само три поени (37:34) кога заби новакот во нивните редови, Двејн Морган.

Но на спротивната страна, со тројка, се најави уште еден нов лик, но кај МЗТ Скопје, Бре Ајви кој постави (40:34) на семафорот по 20.минути игра во СРЦ „Кале“.

Но работите изгледаа малку поинакви во продолжението. Она што го најавија, домашните кошаркари продолжија да го реализираат во третиот период. Прво стигнаа до егал резултат (50:50), а веднаш потоа, практично во следниот напад, Морган погоди за водство, (52:51). А таа одлична, а се чини и четвртина коај реши мнгу, ТФТ ја затвори со предност од пет поени (58:53).

Гостите од Аеродром беа подобри во првиот дел од последната четвртина. Во пет минути со серија од (11-2) се вратија во мечот, поведоа со (64:60). Но новиот освојувач на Купот слично како и на тој финален натпревар одигран на истото место, не се предаде, напротив...

Кога беше најпотребно, ТФТ одигра и најдобро. Поточно кажано, тоа се однесува за Ландриус Хортон, кој врза осум поени по ред, за ново, макар и минимално водство за домашниот тим (68:66).

Во последните две минути, прво заби Смит, за (70:66), а откако Мекиќ и Хортон разменија по еден поен (од линијата за слободни фрлања), крилото на ТФТ ја завери победата. За неговата екипа 14. во сезоната која ги става на 4. позиција на табелата.

МЗТ Скопје Аеродром,каде го немаше Војдан Стојановски, заостана  чекор повеќе зад Пелистер, кој сега има две победи повеќе на лидерското место.

СУПЕРЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Феникс 2010 – Пелистер             69:77

Еуро Никел 2005 – Гостивар     82:72

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 73:69

ТАБЕЛА: Пелистер (21-2), МЗТ Скопје Аеродром (19-4), Еуро Никел 2005 (15-8), ТФТ (14-9), Гостивар (13-10), Феникс 2010 (12-11)

ИДНО КОЛО

21. АПРИЛ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Гостивар – Феникс 2010

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/wUhvlPkaJJ4

23.АПРИЛ (САБОТА):

17.00: Пелистер – ТФТ

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/hF5Ze0DxTxk

25.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005

Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/fPG2-gVCR-M