03.11.2023

Иако без неколку стандардни првотимци, МЗТ Скопје Аеродом одигра одлично второ полувреме, за убедливи (98:73)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: 20 минути доволни за шампионот мирно да го „преплива“ Охрид

Бранителот на титулата продолжува со победничката серија. Не запреа „металците“ ниту на гостувањето во „Билјанини извори“, каде го скршија отпорот на охридскиот прволигаш во вторите 20.минути.

ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ     73:98

Домашната екипа пружи сериозен отпор, но само во првото полувреме. Дури охриѓани ја добија и првата четвртина против гостите од Скопје, макар и со минимални (28:27).

Имаа добри моменти и во вториот период од играта во кој беа максимално рамноправен противик на екипата која ја брани шампионската титула. Така „беше“ и на семафорот, кој на истекот на 20.минути покажуваше минимална предност за МЗТ Скопје (48:47).

Екипата, која и без помошта на важни играчи како Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Ејасу Ворку, одигра најдобро во третиот дел. Оној во кој ја најавија петтата победа. Играа „металците“ добро и во одбраната, му дозволија на охридскиот тим да постигне само девет поени.

Доволно да се одвојат на високи (68:56).

А кога веќе изградија двоцифрена позитива, не му дозволија на Охрид да се понадева на нешто повеќе на овој натпревар кој го приведоа рутинерски. Дури стигнаа и до убедлив триумф, во кој Расел се „вгради“ со 26.поени, одлични минути имаше репрезентативецот Робев кој заврши со 21.поен (и седум скока), 16 имаше неговиот помлад репрезентативен колега Миловановиќ, додека пак Танасковиќ заврши со 12, а капитенот Дамјан Стојановски со 10. реализации.

Во домашниот состав, до двоцифрен број на поени дојдоа тројца стартери, Бернард уфрли 16, Ибраими имаше 15, а Волканоски уште 11. поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6.КОЛО

Охрид – МЗТ Скопје Аеродром          73:98

4.НОЕМВРИ

12.00: ТФТ Моцарт – Гостивар

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/kgR-GBmO4J4?si=L3y-oPUJxOR0F2t3

19.00: Чаир 2030 – Кожув

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/O7FWP7fviLE?si=FLrLGfDwHq-mEYsw

5.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Вардар – Навико Академија ФМП

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1LNboF1jjTQ?si=nexMKqiVYAYf3gxT

19.00: Работнички – Еуро Никел 2005 (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/otQq4BPP03k?si=q6Zjxou4HsMOX2NB

20.00: Феникс 2010 – Пелистер

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4qA4ieHsuq8?si=NfuItU8qBum4x596

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11, ТФТ Моцарт 9, Чаир 2030 9, Еуро Никел 2005 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 2010 8, , Вардар 7, Гостивар 7, Охрид 7, Кожув 6, Навико Академија ФМП 5;